Папата: Христос за нас се жртвуваше, посредува за нас и ќе нѐ одведе до Отецот

Папата: Христос за нас се жртвуваше, посредува за нас и ќе нѐ одведе до Отецот

За големите чуда на Христовото свештенство, Кој Сам Себе се жртвуваше еднаш засекогаш, за простување на гревовите, а сега нѐ застапува пред Отецот и ќе се врати со себе да нѐ одведе, говореше Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 23 јануари 2017 година, во домот Света Марта.

Папата предупреди на непростливиот грев против Светиот Дух

Папата говореше за Христовото свештенство, осврнувајќи се на првото литургиско читање од Послание до Евреите, кое говори за Христос посредник на сојузот кој Бог го склопува со луѓето. Исус е врховен свештеник. Христовото пак свештенство е најголемата убавина која нѐ поттикнува на Господ да му пееме песна нова, како што вели псалмот – рече папата Фрањо.

Карактеристиките на Христовото свештенство: жртвување за луѓето, посредување и водење до Отецот

Христовото свештенство се случува во три периоди, истакна Папата. Првиот е откупувањето. Христос се жртвува Самиот Себе, еднаш засекогаш, за простување на гревовите. Со тоа чудо нѐ приведува до Отецот, повторно внесува хармонија во созданието, вели Папата. Второто чудо е она што сега го прави Исус се моли за нас. Додека ние овде молиме, Тој се моли за нас, за секој од нас: жив сега посредува пред Отецот, за верата да не олади. Колку пати од свештениците се бара да молат затоа што знаеме дека свештеникот со молитвата има одредена сила, всушност во жртвата на светата Литургија. Третото чудо ќе се случи кога Христос ќе се врати, но причината за неговото враќање нема да биде гревот, туку довршувањето на Царството, кога со Себе ќе нѐ доведе до Отецот.

Голема е убавината на Исусовото свештенство во трите периоди: простување на гревовите, еднаш засекогаш; посредување за нас, и периодот на Христовото враќање, но има и спротивно, односно непростлив грев. Мачно е да се слушаат тие Исусови зборови, но Тој ги изговара, а ако пак Тој тоа го вели, тогаш е вистина. Навистина вели дека на синовите човечки сѐ ќе им се прости, а знаеме дека Господ простува сѐ ако малку го отвориме срцето. Сѐ! Гревовите и сите псовки кои ќе се изречат, и псовките ќе бидат простени, но хулењето против Светиот Дух никогаш нема да биде простено – рече Папата.

Не простувањето на гревот против Светиот Дух

За да го објасни тоа Папата се осврна на големото свештеничко помазание на Исус: го направи Светиот Дух во телото на Марија, а свештениците во обредот на свештеничкото ракополагање се помазуваат со елеј. И Исус како голем свештеник го примил тоа помазание. А кое било првото помазание? – праша Папата и одговори: „Во телото на Марија со делото на Светиот Дух.“ А оној кој го навредува, го пцуе темелот на Божјата љубов, односно откупувањето, повторното создавање, го пцуе Христовото свештенство. Некој би можел да каже дека Бог е злобен затоа што не простува сѐ. Но, оние кои така говорат не сакаат прошка, не сакаат да им се прости. Не дозволуваат да им се прости. Тежината на гревот против Светиот Дух е да не се дозволи да ни се прости, затоа што го негираат Исусовото свештеничко помазание, кое го направил Светиот Дух – рече Папата.

Не затворај го срцето пред чудата на Христовото свештенство

Во заклучокот на проповедта, Папата повторно се осврнува на големите чуда на Исусовото свештенство, исто така и на не простувањето на гревот против Светиот Дух, не простив но не заради тоа што Бог не сака да прости, туку затоа што не сакаме да ни се прости, затоа што е грев против чудата на Исусовото свештенство.

Би било добро во текот на светата Литургија да мислиме како овде на олтарот славиме жив спомен на Христовото свештенство, затоа што Исус овде ќе моли: но и во оваа света Литургија – ќе ја кажеме по молитвата Оче наш – и третата карактеристика на неговото свештенство, кога Тој ќе се врати и нашата надеж во вечната слава. На оваа света Литургија да размислуваме за овие убавини. А од Господ да молиме милост нашето срце никогаш да не се затвори за овие големи чуда, за оваа голема бесплатност – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот