Интервју со новиот претседател на ИОР

Тоа е послание кое радосно го прифатив – рече во разговор за Радио Ватикан новиот преседател на ИОР, Институт за религиозни дела, 51-годишниот французин Жан Баптист де Франсу, кој го наследи германецот Ернст фон Фрејберг. Де Франсу е оженет, има четири деца и големо искуство во финансиски работи на меѓународно подрачје.

Доверена ми е важна задача, уште повеќе затоа што ја продолжувам работата која ја работел Ернст фон Фрејберг, досегашниот преседател. Таа задача бара и многу понизност – истакна де Франсу – бидејќи ИОР има важна улога за многу конгрегации и бискупии во светот, но и во контекст на целата административна и финансиска организација на Светата Столица. Таа работа ја гледам повеќе како послание и се надевам дека ќе бидам во состојба да ги задоволам очекувањата кои ми се „ставени на грб“, кога ми е доверена таа одговорност – рече новиот преседател на ИОР.

Спомнувајќи дека е во голема предност во однос на својот претходник, бидејќи наидува на веќе изработен дел од работата, де Франсу истакна дека многу му помогнало и тоа што бил вклучен во работата на Комисиите за организација на економско-административните структури на Светата Столица, од август минатата година, а од мај ова година и во работата на Советот за економија. Тоа ми помогна подобро да ги запознаам и да го сфатам функционирањето на административната и финансиската организација на Светата Столица, но и многу важната насока која што Светиот Отец сака да ја даде на целата организација – рече де Франсу.

Помош на сиромашните и ширење на верата во светот и транспаретност – се целите кои ги истакна новиот преседател на ИОР, напоменувајќи дека тоа можел да го воочи од пораките на Папата. Главното послание кое Папата го има во мислите, кога зборува за ИОР е како Црквата, како Светата Столица може и понатаму да помага и тоа повеќе на сиромашните и во ширењето на верата. А второто е – и тоа е обележје на Светиот Отец – поголема транспаретност. Поголемата транспаретност е започната веќе со папата Бенедикт XVI; кој го именува Ернст фон Фрејберг.

ИОР во никој случај не треба да биде поинаков од сите големи банкарски институции, но со фокусирање на клиентите; важно е да одговори на потребите на конгрегациите и бискупиите – рече де Франсу и додаде дека тоа е факт кој веројатно ќе го обележи и повеќе од порано другиот дел од реорганизацијата на ИОР.

На новинарско прашање, дали треба ИОР да се прилагоди на светскиот економски и финансиски систем, де Франсу рече декаИОР треба да ги почитува меѓународните правила, како секоја друга банка или финансиска институција. Но додаде, потсетувам дека ИОР не е банка иако често така ја нарекуваме, но таа по статут не е банка. Затоа е нормално сите други финансиски институции во светот да мора да ги почитуваат тие правила. Тоа е дел од глобализацијата на економијата, а ако Светата Столица сака да има односи со други држави треба да ги почитува тие одредби и новите правила. Светата Столица затоа одамна се зазема и работата на Ернст фон Фрејберг, што се однесува до ИОР беше насочена во таа насока.

Зборувајќи за улогата на ИОР неговиот нов преседател истакна дека таа институција треба да биде во служба на институциите на Светата Столица со кои мора да комуницира, да извршува трансакции со надворешниот свет. Потребна ни е институција како банка која во тоа ќе ни помогне. Да помислиме на Ватиканските музеи кои годишно ги посетуваат милиони луѓе; имаат трошоци и комуницираат со надворешниот свет; или пак книжара… рече и додаде – неопходно е парите да кружат и затоа ни треба банка. А за Светата Столица е важно таа структура која повторувам не е банка, туку финансиска институција која ја има таа улога да биде под надзор на Светата Столица за да да знае што точно се случува.

Првата задача е да се биде во служба на Светата Столица и нејзините институции. А втора, додаде де Франсу нормално истотака се дикастериите, конгрегацииите и бискупиите со кои ја делиме нашата католичка вера да бидат поврзани со некоја структура на Светата Столица, а не со други комерцијални банки со кои не ги делиме сите вредности кои се наши. Секогаш се зборува за работи кои не се направени, а никогаш не се зборува за работи кои добро се направени. А во ИОР се многу такви. Но, за жал поради некои работи кои во минатото не се направени како што треба понекогаш се има чувство дека таа институција не е во состојба да ја извршува својата служба. Но тоа не е вистина! – истакна де Франсу.

На новинарска забелешка дека се зборувало дури и за затворање на ИОР, де Франсу рече дека било важно да се разгледа и таа можност, бидејќи како што кажа, единствено така сфативме дека таа институција е потребна.

А на прашањето на каква реалност наишол во Ватикан што се однесува до економската и финансиската структура, де Франсу истакна многу едноставна реалност која можеби во последните 15 или 20 години не се развивала со еднаква брзина како финансискиот свет во кој живееме. Станува збор за реалност која можеби заради недоволниот број на стручњаци на тоа подрачје кое станувало се послоевито и поради слоевитоста на пазарот и поради правните средини не помагала на Светата Столица.

Тоа е јасно кога луѓето се од Црквата – свештеници, епископи и кардинали – на чело на финансиските институции која не е нивна главна активност и за која не поминале низ соодветна формација – рече и додаде затоа е важно, а тоа има намера да го направи Светиот Отец се повеќе да се вклучуваат стручнаци од сите подрчаја на административниот и финансискиот живот. Денес зборуваме за ИОР, но да погледнеме сѐ што се случува на бројни други подрачја благодарение на таа единствена намера и настојување меѓу членовите на клерот и заземањето на католички стручњаци. Сетоа тоа е со цел да се помогне на Црквата за да се зајакне нејзиното делување и делувањето на Светиот Отец – истакна на крајот де Франсу.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот