Папата Фрањо: Неопходно е секој да има пристап до питка вода

Папата Фрањо: Неопходно е секој да има пристап до питка вода

Папата Фрањо испрати порака по повод Светскиот ден на водата, кој се слави во понеделник, 22 март

Утре е Светски ден на водата, кој нè повикува да размислуваме за вредноста на овој чудесен и незаменлив дар Божји. За нас верниците, „сестрата вода“ не е роба, туку универзален симбол и извор на животот и здравјето. Премногу браќа и сестри имаат слаб пристап, можеби дури и до загадена вода! Итно е потребно да се гарантира сите да имаат питка вода и санитарни услови. Им благодарам и ги охрабрувам оние кои во различни професионални занимања и одговорности, работат на оваа важна цел, рече Папата во обраќањето по молитвата Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот