Ватикан: Започна Епископската синода за млади

Ватикан: Започна Епископската синода за млади

На 3 октомври 2018 година во Ватикан започна Епископската синода за млади на тема: „Млади, вера и расудување на звањата“.

„Млади, вера и расудување на звањата“ е насловот на темата на Епископската синода, која на 3 октомври започна во Ватикан. Тоа е XV. редовно генерално собрание на Епископксата синода и трета која е свикана од папата Фрањо. Литургиското славење по повод отворањето на синодата го предводеше Светиот Отец во претпладневните часови на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Попладнето со седница е отворена Синодата, при што генералниот известувач на синодата го претстави планот за работа.

Двајца синодски оци од Кина

На Епископската синода за млади учествуваат 266 синодски оци. Прв пат ќе учествуваат двајца епископи од континентална Кина. Меѓу учесниците се и 34 млади, на возраст од 18 до 29 години. Кардинал Балдизери, Генерален секретар на синодата, во понеделник на прес конференцијата рече дека заседанието ќе биде по стапките на минатата синода, во која водилка ќе биде обновата на Црквата и општеството, започнувајќи од темелот, односно семејството и младите кои се гаранција за идните генерации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот