Одење во Божиќниот пост во знакот на енцикликата Лаудато си

Одење во Божиќниот пост во знакот на енцикликата Лаудато си

Папата Фрањо преку видео порака им се заблагодари и ги охрабри младите од Салезијанскиот универзитетски институт во Венеција и Верона кои заедно со својата универзитетска радио станица Кубе Радио, сакаат да ги вклучат посетителите на дигиталниот свет во адвентскиот проект вдахнат од енцикликата „Лаудато си.“

Насловот на проектот е „Божиќен пост Green Dream“, а ќе трае од недела 29 ноември до Бадник.

„Божиќен пост Green Dream“ е насловот на прокетот кој го покренаа младите од Салезијанскиот универзитетски институт од Венција и Верона, а на кои папата Фрањо им се заблагодари преку видео порака и им упати охрабрување.

Им се заблагодарувам на младите од Салезијанскиот универзитетски институт од Венеција и нивната радио станица Кубе Радио, што подготвија адвентски пат вдахнат од Божјото Слово од неделните свети Литургии и енцикликата Лаудато си. Ви благодарам. Ве повикувам да вклучите други млади и корисници на мрежите во подготовката за Божиќ, ширејќи Го преку социјалните медиуми на Ватикан њуз Словото Божјо и повикувајќи ги на грижа за заедничкиот дом. Се молам за вас и вие молете се за мене – рече папата Фрањо во пораката.

Со тие зборови Светиот Отец поттикна група млади од спомнатиот универзитет кој го користат своето универзитетско радио Кубе Радио, да ги вклучат посетителите на дигиталниот свет во адвентската маршрута насловена „Божиќен пост Green Dream“, кој ја сочинуваат 26 реченици од енцикликата Лаудато си, по една за секој ден, започнувајќи од недела 29 ноември, па до Бадник. Иницијативата опфаќа и 6 слики кои ги направиле самите млади, а кои можат да се примат секој ден преку билтен или каналот Telegram запишувајќи се директно на сајтот cuberadio.it.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот