Скопје: Средба на богопосветените лица

Скопје: Средба на богопосветените лица

На 3 февруари 2018 година во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа Духовна обнова за свештениците, монашките заедници и црковните движења од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, а по повод Светскиот ден на богопосветените лица.

На почетокот од средбата присутните ги поздрави дон Давор Топиќ, декан и катедрален парох во Скопје, а потоа Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија се обрати до присутните со своето духовно слово, зборувајќи за духовниот повик и предизвиците кои престојат денес во поглед на духовните звања.

Веднаш потоа беше поставена Пресветата олтарска Тајна по што следуваше обоважање, како и можност за света Исповед. За време на Литургијата проповед одржа бискупот Стојанов, а на крајот од светата Миса ја истакна важноста од заедништвото, какво што е денешното.

Средбата на богопосветените лица продолжи со заедничко агапе и дружење во салата на Пасторалниот центар во Скопје.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот