Евхаристиско обожавање со папата Фрањо
Ватикан, 3.6.2013 /к.мк/ – На празникот на „Пресветата Евхаристија”, 2 јуни, а во контекст на Годината на верата, од 17 до 18 часот папата Фрањо го предводеше Евхаристиското обожавање во базиликата Свети Петар во заедништво со сите катедрали и парохии во светот. На оваа иницијатива учествуваа голем број на земји, меѓу кои Исланд, Виетнам, Куковите Острови. На евхаристиското обожавање со папата Фрањо се приклучија парохии од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија.
На почетокот од евхаристиското обожавање папата Фрањо носејќи ја светата Причест, помина низ централниот дел од ватиканската базилика, придружуван со песни во изведба од хорот на Сикстинската капела. „Само еден Господ, само една вера ” беше мотото на едночасовното обожавање, настан кој е без преседан во историјата на Црквата. Верницитете од целиот свет се молеа за доброто на Црквата, за да може „Господ да ја направи уште повеќе послушна на Неговото Слово и пред светот да се претстави уште поубава, без дамки и брчки, туку света и неизвалкана”. Покрај тоа, беше упатена молитва и за сите оние кои „во различни делови на светот живеат со страдање од новите ропства и се жртви на од војните, трговијата со луѓе, дрога и принудна работа; за децата и жените жртви на насилство; за сите оние кои се наоѓаат во тешка економска состојба, пред сè невработените, постарите, бегалците, бездомниците, затворениците и отфрлените”. Песните беа проследени и со читања од Светото Писмо и молитви составени од претходните Петрови наследници: Пиј ХІІ, блажен Иван ХІІІ, Павле VI, Иван Павле Први ІІ, блажен Иван Павле ІІ и почесниот папа Бенедикт XVI. Погледот на папата Фрањо беше насочен кон монстранцата со Пресветото Тело Христово, поставен на централниот олтар на базиликата. На крајот на евхаристиското обожавање Папата земајќи ја монстранцата во своите раце ги благослови сите учесници на овој светски молитвен настан. (го*ко)