Папата повика на продолжување на молитвите за мир во Украина

Папата повика на продолжување на молитвите за мир во Украина

По катехезата на Генералната аудиенција во среда 9 февруари 2022 година, папата Фрањо им се заблагодари на сите кои се приклучија на молитвата за мир во Украина на 26 јануари и побара да продолжат да се молат на Бога за да завладее сериозен дијалог.

Упатувајќи уште еден искрен апел за мир во Украина, папата Фрањо додаде: Да не заборавиме – војната е лудост!

Папата им се заблагодари на сите луѓе и заедници кои се приклучија на молитвата за мир во Украина на 26 јануари и ги охрабри да продолжат да се молат на Богот на мирот за да надвладее сериозен дијалог околу тензиите и заканите од војна, како разговорите во нормандискиот формат придонесат за таа цел.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот