Папата Фрањо прогласи „Година на Свети Јосиф“

Папата Фрањо прогласи „Година на Свети Јосиф“

Ватикан го објави Апостолското писмо на папа Фрањо „Patris corde“ кое Ватикан го објави денес, вторник 8 декември 2020 година. Датумот е избран намерно: пред точно 150 години, Јосиф е погласен за заштитник на целата Католичка црква. Тоа го стори блажениот папа Пиј IX. со декретот „Quemadmodum Deus“ – потпишан на 8 декември 1870 година.

За да се прослави оваа годишнина, папата Фрањо во своето Апостолско писмо „Patris corde“, почнувајќи од овој вторник, прогласува посебна година која до 8 декември 2021 година ќе биде посветена на хранителот на Исус. Позадината на писмото е и пандемијата Ковид-19: Ова јасно става до знаење какво значење имаат обичните луѓе – сите оние кои во маките на секојдневието имаат трпеливост и даваат надеж, сеејќи заедничка одговорност, надвор од центарот на вниманието. Токму како и свети Јосиф, „овој неугледен човек, ова личност од секојдневието, со дискретна и сокриена присутност“ – истакнува папата Фрањо.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот