Папата ќе се сретне со семејства жртви од мафијата

Папата Фрањо во петок на 21 март во црквата Свети Гргур VII во Рим ќе се сретне со учесниците на средбата која што е организирана од здружението „Либера“, со која претседава дон Луиџи Киоти, соопшти Канцеларијата за печат на Светата Столица на 15 март. Средбата е посветена на семејства жртви од мафијата и ќе се одржи во пресрет на XIX Ден на сеќавање и посветена работа во спомен на недолжни жртви од мафијата, кој што се одбележува на 22 март.

По тој повод во Рим ќе се соберат најмалку 700 членови на семејства жртви од мафијата од цела Италија, како и претставници на некои од нив, кои околу 15.000 во мафијашко насилство изгубиле членови од семејството. Во спомнатата парохија предвидена е молитва, во 17,30 света Литургија која што ќе ја предводи Светиот Отец, а на која ќе присуствуваат роднини на жртвите, заедно со локалните претставници на фондацијата „Либера“, претставници на повеќе здруженија поврзани со фондацијата и институционални претставници кои пристапиле на таа иницијатива.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот