Бискупот Стојанов ги прими богопосветените лица од градот Скопје

Бискупот Стојанов ги прими богопосветените лица од градот Скопје

На 22 декември 2022 година, во бискупската резиденција во Скопје, претставници на Богопосветените лица од градот Скопје го посетија Скопскиот бискуп и Струмичко – скопскиот епарх монс. д-р Киро Стојанов и во таа прилика му ги честитаа претстојните Божиќни празници.

Традиционално, секоја година претставник од некоја заедница од Скопје, во име на сите упатува честитката на бискупот. Оваа година, во име на сите Богопосветени лица честитка упати Анита Мартинчевиќ Фоколаринка, која меѓу другот рече: Навистина, од минатиот Божиќ се случија многу работи во светот кои не загрижуваат, особено мислам на војната што беснее не толку далеку од нас. Тоа се настани кои поставуваат нови предизвици пред нас, да се молиме уште повеќе, да се даруваме, конкретно да работиме барем да ги ублажиме страдањата на оние кои се најпогодени, како што нѐ повикува папата Фрањо и како што убаво го изразивте во Вашата божиќна порака“.

Таа истакна дека оваа година во нашата месната Црква се случија многу промени, мислејќи пред се на нови луѓе во служба на Црквата при што додаде: Но она што се надеваме дека остана константно е стремежот да работиме сите заедно, и секој според својата мисија и харизма за проширување на Царство Небесно, во обид да ја направиме оваа наша Црква поубава, сведоштво за единството и Божјата близина со сите луѓе!

Епископот Стојанов изразувајќи ја својата благодарност рече дека се радува на празниците, а пред се на Божик, бидејќи е празник на радоста и заедништвото. На радоста, бидејќи Бог се овоплоти во Исус и стана дел од нашата историја, нашиот живот, додека на заедништвото, бидејќи се роди во семеен амбиент и на тој начин го посвети секој човечки и семеен живот. Изразувајќи им благодарност за нивната пожетвуваност во Црквата им посака Среќен Божик и Благословена Нова Година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот