Диктатура на информирање
Деновиве погласни и побројни се нападите врз Папата за неговата наводна поврзаност со диктатурата во Аргентина, а кај нас за жал вестите се пласираат еднострано, без да се бара и другата страна на приказната.
Имено патер Ломбарди, директор на канцеларијата за печат при Светата Столица ќе изјави дека капмањата против кардинал Бергољо е добро позната, а е покрената пред повеќе години од страна на една публикација позната по кампањи кои понекогаш се клеветнички и навредливи. Позадина на кампањата против Црквата, како и обвинувањата против Бергољо се познати и очигледни. Обвинувањата вклучуваат користење на историско-социолошки анализи од времето на диктатурата, кои со години ги објавува противцрковната левица со цел да ја нападнат Црквата. Поради тоа мора овие обвинувања да бидат енергично отфрлени.
Обвинувањето се однесува кога Бергољо не беше епископ, туку провинцијал на Дружбата Исусова во Аргентина, а се работи за двајца свештеници Исусовци кои беа киднапирани и дека наводно тој не ги заштитил. Но тоа е само обвинување. Никогаш немало конкретни и веродостојни обвинувања во однос на него. Аргентинскиот суд еднаш го распитуваше Бергољо како лице кое е информирано за настаните, но никогаш и за ништо не го обвини. Тој ги отфрли обвинувањата со издржливи докази – изјав патер Ломбарди.
Во четвртокот, 22 март 2013 Буенос Аирес Хералд, влијателен весник во Аргентина јавува дека Адолфо Перез Ескивел, добитник на новебловата награда за мир во 1980 година поради неговата борба за човекови и граќански права и за неговата опозиционерска храброст против режимот, по средбата со папата Фрањо на прес конференцијата ќе повтори дека Светиот Отец нема никаква врска со последниот воен режим, и не беше соучесник на хунтата. На истиот прес Ескивел ќе каже: Можеби му недостигаше храброст, но тој вршеше тивка дипломатија секогаш барајќи од властите да бидат ослободени уапсените лица и оние кои се водеа како исчезнати.
Ова изјава на нобеловецот Ескивел на само што го потврдува она што го изјави патер Ломбарди на прес конференцијата, туку и се надополнува, бидејќи патер Ломбарди изјави и дека кардинал Бергољо „направи многу за да ги заштити луѓето во времето на диктатурата“.
На 20 март 2013, Патер Франц Јаликс ќе даде службена изјава на интернет страната на Дружбата Исусова – Исусовци. И оваа вест беше „премногу тивка“ за да се слушне кај нас, иако токму патер Јаликс овие денови е најповикан и директна жртва на хунатата.
Во својата изјава тој ќе рече: Ова се фактите: Орландо Хорио и јас не бевме пријавени од патер Бергољо.
Како што ставив на знаење во моите претходни изјави, ние бевме уапсени поради една вероучителка, која најпрво работеше со нас, а потоа замина во герилата. Два или три дена по нејзиното апсење, бевме и ние уапсени, ќе изјави патер Јаликс во службената изјава.
Порано бев со мислење дека сме жртва на пријава. На крајот од 90 –те по многубројните разговори ми стана јасно дека ова претпоставка е без основа. Поради тоа е погрешно да се тврди дека нашето апсење беше по иницијатива на патер Бергољо. Ова го изјавува 85 – годишниот Франц Јаликс, кој по изборот на кардинал Бергољо за Папа се злоупотребува за да се нападне неговата личност и да се оцрни лицето на Црквата.
Од горенаведеното станува јасно дека кај нас не се прават вести туку се пренесуваат ефтини приказни по директива. Поради тоа секој читател ќе мора критички и проверно да користи вести од нашите медиуми.
А сигурно, треба и да се одговори кој е поврзан со диктатура? По се изгледа дека кај нас владее диктатура на информирање.
Папата Фрањо на својата прва средба со новинарите ќе истакне: За да се разберат случувањата во Црквата, човек мора да ја вклучи и димензијата на вера. За да се известува за Црквата не е покомлицирано отколку кога се известува за политичките или економските случувања, „но Црквата не ја следи таа логика, која што припаѓа на световната категорија.“
Новинарската работа има потреба од образование и искуство, како и другите професии, но оваа професија на еден посебен начин се свртува кон вистината, доброто и убавината. „Ова нѐ повикува да бидеме поблиски, бидејќи и Црквата настојува токму тоа да го навестува: вистината, доброто и убавината. Сите ние сме повикани, не самите себе да се навестуваме, туку овие три важни карактеристики, кој што се градат со вистина, добрина и убавина. (go*ko)