Папата до младите од Кордоба: На Светскиот ден на младите сите победувате и заедно треба да го подигнете „пехарот на братството“

Папата до младите од Кордоба: На Светскиот ден на младите сите победувате и заедно треба да го подигнете „пехарот на братството“

Папата Фрањо во недела наутро пред молитвата Ангел Господов, се сретна со група млади луѓе од аргентинската надбискупија кои ќе учествуваат на претстојниот Светски ден на младите во Лисабон. Дали сфативте дека се подготвувате „да играте светско првенство“? Желбата на папата Фрањо е младите да се повикуваат на единство што го бара Исус, во различноста на лицата и културите.

Во неделата наутро, на 16 јули 2023 година, во салата Клементина во Ватикан, папата Фрањо во аудиенција прими млади ходочасници од надбискупијата Кордоба, Аргентина, кои се подготвуваат за претстојниот Светски ден на млади во Лисабон. Светиот Отец ги потсети на мотото на овогодинешниот Светски ден на млади: „Како Марија станавте – оставивте се што познавате – семејството, вашите удобности – и побрзавте да се сретнете со другите!“ (сп. Лука 1,39). Некои можеби донеле со себе мате, други гитара; но она по што си препознатлив е „дресот“, дресот на верата и љубовта кон Бога и браќата.

На „светското првенство“ во Лисабон секој ќе биде победник

А токму спортот, поконкретно фудбалот, е сликата што ја предлага папата Фрањо за да го опише искуството што ќе го доживеат овие млади луѓе. Дали сфативте – рече римскиот бискуп – дека се подготвувате да „играте светско првенство“? Тоа „светско првенство“ е многу посебно, тоа е пријателски тест на кој нема победници и поразени, туку сите победуваме.

Да, затоа што кога излегуваме од себе и се сретнуваме со другите, кога ќе споделиме – односно кога ќе го дадеме она што го имаме и сме отворени да го примиме она што ни го даваат другите – кога не отфрламе никого, тогаш сите сме победници и заедно можеме да го кренеме „пехарот на братството“. Колку многу е потребно тоа во ова наше време! – истакна Светиот Отец.

Сведоштво за многу изгубени млади луѓе

Деновиве во Рим, продолжи Папата, можат да се видат стапките на многу христијани кои го следеле Христос до крај, многу светци кои ги дале своите животи за Него во различни историски периоди. Претстојниот Светски ден на млади, рече Светиот Отец, ќе биде можност што ќе ве збогати со голема разноликост на лица, култури, искуства, различни изрази и пројави на нашата вера.

Но, пред сè, ќе можете целосно да го искусите Исусовиот копнеж: да бидете „едно“ за да поверува светот (сп. Иван 17,21) и тоа ќе ви помогне да ја сведочите радоста на Евангелието на многу други млади луѓе кои не ја наоѓаат смислата на животот или се изгубени на патот и не знаат како да продолжат понатаму.

„Ви посакувам добар натпревар. Нека ве благослови Исус и Богородица нека ве чува. И ве молам да се молете за мене. Се гледаме во Лисабон. Ви благодарам!“, рече Светиот Отец на крајот од аудиенцијата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот