Лажни изјави се припишуваат на папата Фрањо

Драги пријатели, информирани сме од страна на многу читатели дека во моментот постојат лажни вести кои кружат низ интернет и се распространуваат изјави на папата Фрањо поврзани со голем број прашања: во врска со содржината на Светото Писмо, односите меѓу религиите, за реформирање на науката на Црква, па дури и на повик за наводен “Трет ватикански собор”. Сето тоа е лага. Овие извештаи се шират од непознати извори. Затоа, сакаме да ги предупредиме сите читатели да бидат внимателни и да не веруваат на вести за Папата кои не потекнуваат од извори на Ватикан.
Исто така, постојат многу неидентификувани профили на социјалните мрежи кои се обидуваат да објавуваат лажни информации, искористувајќи ја предноста на фактот дека е лесно да се „фрли каменот и да се сокрие раката”. Многумина од корисниците на фејсбук не се свесни дека сите Фејсбук профили на папата FRANCIS / JORGE МАRIА BERGOGLIO не се официјални страници и тие не се овластени официјално да го претставуваат Папата, затоа треба јасно да се знае дека тоа се само „фан страници.
„Ги охрабруваме сите читатели да ги проверуваат официјалните ватикански медиуми за да се потврдат изјавите на папата Фрањо”, или дури и да се провери што точно тој кажал за конкретни прашања.
Ако некои изјави се препишуваат на Папата од било кој медиум и агенција, а ги нема во официјалните медиуми на Ватикан, тоа значи дека информцијата или изјавата не е точна.
Подолу е листа на официјалните медиуми на Ватикан, која треба да ја користите како валидна референца за да бидете сигурни дека објавената изјавата од Папата е точна:
– News.va: вести агрегатор портал, вести и информации од сите Ватикански медиумите на една интернет страница, достапен на пет јазици. www.news.va News.va, исто така, има страница на Фејсбук: www.facebook.com / news.va
– L’Osservatore Romano (весник ): www.osservatoreromano.va
– Радио Ватикан : www.radiovaticana.va
– ВИС ( Ватиканска Информативна служба ): www.vis.va – Канцеларија за печат при Светата Столица:
Ватикански телевизиски центар: www.ctv.va или www.vatican.va/news_services/television/
– Vatican.va :Официјална страница на Светата Столица, каде можете да ги најдете во целост сите текстови од сите говори, проповеди  и Апостолски документи од страна на Папата :  www.vatican.va – PopeApp : официјална апликација за смарт телефони (Авторски права News.va )
– @ Pontifex: Официјален Твитер профил на Папата.
Сакаме да ви се заблагодариме за вашето внимание, како и за вашите известувања и сугестии. Ве молиме да ја споделите оваа информации колку што е можно со повеќе лица! Ви благодариме многу!
Извор: news.va/го*ко

Категорија: Uncategorized, Ватикан, Свет

За авторот