Папата моли човештвото да се ослободи од војна и насилство

Папата моли човештвото да се ослободи од војна и насилство

Папата Фрањо потсети на бомбардирањето пред осумдесет години во римската населба Сан Лоренцо, осудувајќи ги и денес трагедиите кои се повторуваат, поттикнувајќи на одговор на прашањето: „Како е ова можно?

Откако заврши со молитвата Ангел Господов во недела 16 јули 2023 година, папата Фрањо потсети дека „пред осумдесет години, на 19 јули 1943 година, беа бомбардирани некои делови на Рим“. Тој истакна дека трагичната годишнина е повод, уште еднаш, да се обнови силниот апел кој вели „не“ на војната и да не се изгуби сеќавањето на историјата.

Во тоа време, само во римската област Сан Лоренцо, при бомбардирањето загинаа 717 луѓе, а беа повредени 4.000 други, но за целиот град билансот беше многу посериозен: 3.000 загинати и 11.000 повредени во многу делови на Рим кои беа бомбардирани. Како што сведочи на својата страница Историскиот музеј на ослободувањето на Рим, уништени се 10 илјади куќи, а 40 илјади граѓани останале без покрив над главата. Првото бомбардирање на Рим и населбата Сан Лоренцо се случи на 19 јули 1943 година.

Дали го изгубивме сеќавањето?

Папата Фрањо истакна дека за жал, и денес овие трагедии се повторуваат. Како е тоа можно? Дали го изгубивме сеќавањето? Господ да нè помилува и да го избави човечкото семејство од злото на војната”.

Молитва за Украина

На крајот, продолжувајќи на темата војна, папата Фрањо посебно се помоли за „драгиот украински народ кој толку многу страда“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот