Папата испрати порака до Апостолатот за морепловство

Папата испрати порака до Апостолатот за морепловство

По повод 24. Конгрес на апостолатот за морепловство, Светиот Отец на 3 октомври 2017 година до учесниците испрати срдечна порака, која во име на Папата ја потпиша Државниот секретар, кардинал Паролин.

Заблагодарувајќи се на Семоќниот Бог за бројните милости кои се примени преку ова Дело во текот на многуте години, папата Фрањо се моли бискупите, свештениците, лицата со посветен живот и лаците, кои се на овој важен конгрес, да се почувствуваат зајакнати во поддршката на сите оние кои работат на море.

Додека се соочуваат со посебни потреби оние кои работат во морепловството, папата Фрањо се надева дека христијаните ќе можат да ја препознаат вредноста на лекцијата која можеме да ја научиме од нив: „За Црквата која отвора простор за Божјото таинство; Црква која тоа таинство го дава на таков начин за да може да привлече луѓе“ и да ги придобие (Писмо до бразилските епископи, Рио де Жанеиро, 27 јули 2013 година).

Доверувајќи ги сите морепловци и нивните семејства на застапништвото на Блажена Девица Марија – „Ѕвезда на морето“ и „Утринска Ѕврзда“ – Светиот Отец го поделува својот Апостолски благослов, како гаранција за мир и радост во Господ – стои во пораката на Папата, потпишана од кардинал Паролин.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот