Најава за патрониот празник во Петралинци

Најава за патрониот празник во Петралинци

Во петок, 24 мај 2019 година на празникот на светите словенски апостоли и просветители свети Кирил и Методиј во Католичката парохија во Петралинци, со почеток во 10.00 часот ќе се служи свечена света Литургија, по повод патрониот празник на парохијата.

По повод патрониот празник во периодот од 21-23 мај 2019 година во парохијата ќе се одржи тридневница:

Вторник, 21 мај 2019 година, во 18.00 часот, света Литургија и Молебен до свети Кирил и Методиј.

Среда, 22 мај 2019 година, во 18.00 часот, света Литургија и Молебен до свети Кирил и Методиј.

Четврток, 23 мај 2019 година, во 18.00 часот Молебен до свети Кирил и Методиј со проповед. Молебенот ќе го предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Струмичко – скопски епарх и Скопски бискуп.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот