Членовите на Католици.мк на света Литургија во Струмица

Членовите на интернет страницата Католици.мк во петок 7 ноември 2014 година присуствуваа на света Литургија во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица.

На проповедта о. Гоце Костов ги пренесе поздравите на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, како и желбата за понатамошна успешна работа.

По завршувањето на светата Литургија во парохиските простории членовите на Католици.мк се задржаа во разговор, при што стана збор и за подобрување на квалитетот на страницата.

Покрај редовните активности, членовите на Католици.мк ставаат акцент и на духовната формација, која е важна за нивната волонтерска работа, но и за нивната поврзаност и близна со Црквата.

Благодарејќи на волонтерската ангажираност на членовите од Католици.мк скоро две години на страницата се објавуваат вести од Македонија, Ватикан и светот, како и сведоштва, духовни текстови, размислувања и останати содржини поврзани со Црквата, духовниот живот и растот во верата.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот