Директорот на Радио Марија оствари средба со претставници на „Црква во неволја“

Директорот на Радио Марија оствари средба со претставници на „Црква во неволја“

Во вторник 20 јуни 2023 година година, директорот на Радио Марија и парох во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица  о. Гоце Костов во посета ги прими г-ѓа Магда Качмарек и г-дин Тобиас Хепел, претставници на „Црква во неволја“, Германија.

Претставниците на „Црква во неволја“ во придружба на о. Гоце Костов ја разгледаа црквата и парохиските простории, при што беа запознати со пасторалните активности и важноста на парохијата во овој дел од градот Струмица, која оваа година слави десет години од основањето.

Во продолжение отец Гоце Костов ги истакна пасторалните придобивки и надополнувања со Радио Марија преку пренос на свети Литургии и други побожности во кои активно учествуваат верници од парохијата.

Запознавајќи ги претставниците од „Црква во неволја“ со програмската шема на Радио Марија и придонесот на верскиот дискурс во општествениот живот, истакна дека Радио Марија стана препознатлив медиум преку кој се шири пораката за љубов, заедништво и мир. Посебно беше нагласено задоволството од соработката на Радио Марија и „Црква во неволја“ во кризата со Ковид-19.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот