Светиот Отец пристигна во Бахреин

Светиот Отец пристигна во Бахреин

Триесет и деветтото Апостолско патување на папата Фрањо во странство започна со слетувањето на авионот на Папата на аеродромот Сахир во централниот град на Кралството Бахреин, Авали.

По пристигнувањето во Бахреин, Светиот Отец го посети кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа, во кралската палата Сахир, по што имаше средба со локалните власти, претставници на граѓанското општество и членови на дипломатскиот кор.

Папата Фрањо од 3 до 6 ноември 2022 година ќе престојува во Кралството Бахреин, каде ќе се обрати на Форумот за дијалог, конференција фокусирана на темата „човечки соживот на Истокот и Западот“. Конференцијата ќе започне на 3 ноември и ќе заврши на 4 ноември, а се очекува да учествуваат повеќе од 200 верски водачи од целиот свет.

Во продолжение на четиридневно Апостолско патување, папата Фрањо ќе се сретне билатерално со големиот имам на Ал-Азхар, ќе има аудиенција за членовите на муслиманскиот совет на старешините и ќе присуствува на екуменска средба и молитва за мир во катедралата Богородица од Арабија.

Исто така, во рамките на посетата на Кралството Бахреин, вклучува свети Литургии со католичкото население и младите на кои ќе присуствува Светиот Отец, како и средби со локални бискупи, свештеници, семинаристи и пасторални работници.

Враќањето на Папата во Рим е предвидено во недела на 6 ноември.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот