Папата: Треба да се оди таму каде никој не сака да оди

Папата: Треба да се оди таму каде никој не сака да оди

Во пладневниот наговор одржан на крајот на светата Литургија во Каунас, Литванија, Папата се спомна на 75. годишнина од уништувањето на гетото во Вилнус и ги поттикна христијаните од својата средина и култура да ги оддалечат можностите за маргинализација на отфрлените малцинства.

Пред 75 години во Вилнус потполно е уништено гетото и тоа беше кулминација за уништување на Евреите, кое траело две години. Тој настан го спомена папата Фрањо во пладневниот говор на крајот од светата Литургија во Паркот Сантакос во Каунас. Папата се спомна на тие времиња, и го замоли Господ да ни даде дар за разликување како во вистинско време би го откриле појавувањето на таквото погубно однесување.На Еврејската заедница Свтиот Отец се обрати посебно по молитвата Ангел Господов, напоменувајќи дека попладне ќе се помоли пред споменикот на жртвите во гетото во Вилнус.

Безбожникот се препушта на своите хирови и го прогонува праведникот

Во центар на размислувањето на Папата беше безбожникот кој сака да наметне идеологија и кои ги прогонува праведниците; и многу повеќе од тоа, му пречи неговата присутност. Не му е доволно што се препушта да го водат неговите хривои, туку настојува да го уништи доброто и не сака другите да прават добро, да се истакне неговото однесување. Тоа е однесување на кое нѐ потестува Исус во Евангелието, а за кое треба будно да внимаваме – напомена Папата и обајсни дека тоа е силната жеба да бидеме први, да предначиме пред другите, а таа желба може да се всели во секое срце. Колку пати се случило некој народ да се смета за супериорен, со повеќе права, со повеќе привилегии, кои треба да ги чува или добие – рече Светио Отец.

Да се биде со отфрлените

Решението за таквиот поттик, кога ќе се појави во човечкото срце и во менталитетот на некое општество или земја, го дава Исус – напомена Папата – а тоа е да се биде последен и на сите да им се служи. Да се биде таму каде што никој не сака да оди, каде ништо не пристигнува, во најоддалечената периферија и служејќи да создава простор за средба со последните, со отфрлените. Кога би можеле да се одлучиме на тоа, кога би дозволиле Христовото Евангелие длабоко да влезе во вашиот живот, тогаш навистина глобализацијата на солидраноста би била реалност – истакна Папата.

Да се посвети внимание на исклучените и малите

Осврнувајќи се потоа на Ридот на крстови, на кој илјадници луѓе со столетија поставуваат распетија, Папата ги повика присутните верници, додека го молат Ангеловиот поздрав, да ја молат Марија да ни помогне да поставиме крст на нашето служење, нашето посветување, таму каде што сме потребни, на ридот на кои живеат последните, каде се бара посебно внимание кон исклучените, кон малцинствата, како од нашите средини и култура би ги оддалечиле можностите за уништување на другиот, маргинализирање, отфрлање на оние кои ни пречат и ја вознемируваат нашата комотност – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот