Папата: Оружјето нека замолчи, ситуацијата во Газа е страшна

Папата: Оружјето нека замолчи, ситуацијата во Газа е страшна

Апелирајќи за мир во Светата земја, папата Фрањо изразува загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа, повикувајќи ги сите страни да го положат оружјето и сите христијани да одговорат на молитвата и постот за мир во светот на 27 октомври

Се зголемува бројот на жртвите, а ситуацијата во Газа е страшна.

Со тие зборови папата Фрањо се осврна на Палестина и Израел, барајќи да се направи сѐ што е можно за да се избегне хуманитарна катастрофа.

Говорејќи на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец го сврте вниманието и на загрижувачката можност, конфликтот да се прошири.

Светот веќе е сведок на толку многу отворени воени фронтови, се пожали.

Со оглед на овие околности, римскиот епископ упати апел: Положете го оружјето и слушајте ги криците за мир од страна на сиромашните, луѓето и невините деца.

Војната не решава никакви проблеми, рече тој. Сее само смрт и уништување, ја зголемува омразата, ја умножува осветата. Војната ја брише иднината.

Светиот Отец понатаму ги повика сите верници да застанат само на едната страна: на страната на мирот. Но, не со зборови, продолжи тој, со молитва и целосна посветеност.

Повик за Денот на покора

Во таа смисла, папата Фрањо ги повика сите на ден на молитва, пост и покора за мир во светот.

Во петок, 27 октомври, тој ги охрабри луѓето од различни христијански вероисповеди, други вероисповеди и сите оние кои се залагаат за мир да учествуваат како што им одговара.

Централниот настан ќе биде еден час молитва со почеток во 18 часот на плоштадот Свети Петар, со цел да повика мир во светот.

Ги повикувам сите партикуларни Цркви да учествуваат преку организирање слични иницијативи кои го вклучуваат Божјиот народ, заклучи тој.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот