Ангел Господов: Повикајте го и примете го Господа во сите животни бури

Ангел Господов: Повикајте го и примете го Господа во сите животни бури

На молитвата Ангел Господов во недела, 13 јуни 2023 година, папата Фрањо потсети на Господовите зборови да бидеме храбри и да не се плашиме затоа што Господ секогаш нè следи и не спасува од ветровите и немирните води што ни ги донесува животот.

Поздравувајќи го мноштвото верници собрани на плоштадот Свети Петар за време на молитвата на Ангел Господов, папата Фрањо ги изнесе своите размислувања за неделното евангелие, кое зборува за тоа како Исус ноќе оди по водите на Галилејското езеро и оди во пресрет на учениците кои пловат во тој кораб.

Потсетувајќи како Исус им рекол на своите ученици да одат пред него и да го преминат езерото со кораб, Папата објасни како оваа епизода им овозможила на учениците конечно да видат дека Господ е господар на сè и како ги победува неволјите и злата во нашите животи.

Во тоа време, имено, големите водни пространства се сметале за седишта на злите сили кои човекот не можел да ги совлада; бездните, особено ако беснее бура, биле симбол на хаос и потсетуваа на темнината на подземниот свет, објасни Папата.

Учениците се наоѓаат среде езеро во темната ноќ: ги обзема страв дека ќе потонат, дека злото ќе ги проголта. И во тој момент доаѓа Исус кој оди по водата односно над тие сили на злото, оди над силите на злото и им вели на своите ученици: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!”.

Денес Христос на секој од нас му повторува: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!” Со други зборови, храбро, затоа што Господ е тука, затоа што веќе не сме сами во бурните води на животот!, истакна Папата. Во нашите најгрди моменти, во моменти на најголема темнина, во бурите, како и учениците, и ние треба да го повикаме и да го примиме Исус, рече Папата.

Учениците го повикуваат Исус: Петар оди кратко по водата кон Исус, но потоа се исплаши, почнува да тоне и потоа извикува: „Господи, спаси ме!“ – на што Папата рече дека и ние треба да ја повториме таа прекрасна молитва, која ја изразува сигурноста дека Господ ќе не спаси, може да нѐ спаси, дека Тој го победува нашето зло и нашите стравови. Ве повикувам, продолжи Светиот Отец, сите сега да повториме: Господи, спаси ме! Заедно, трипати: Господи, спаси ме, Господи, спаси ме, Господи, спаси ме.

Пловењето по разбрануваното море и ветровите што го фрлаат коработ на нашите животи, како и коработ на Црквата, е предизвик со кој треба да се соочиме сите, објасни папата Фрањо, бидејќи Господ нѐ повикува да се соочиме со тешкотиите, за и тие да станат места на спасение, бидејќи Исус ги победува, тоа воедно е и можност за средба со него. Имено, тој ни доаѓа во пресрет во моменти на темнина, барајќи од нас да го примиме, како таа ноќ на езерото.

На крајот, Римскиот бискуп предложи да размислиме како се однесуваме кога сме обземени од стравови, кога сме соочени со тешкотии? Дали продолжуваме сами, со сопствената сила или бараме помош од Господа? Каква е нашата вера? Дали веруваме дека Христос е посилен од брановите и спротивните ветрови?

Но пред сè, Светиот Отец повторно истакна, прашувајќи ги верниците: Дали пловиме со Господ? Дали го прифаќаме, дали му даваме место во коработ на животот – никогаш сами, секогаш со Исус – му го доверуваме ли кормилото?

„Богородица, Исусовата Мајка, Ѕвездата на морето, нека ни помогне да го бараме Исусовото светло додека поминуваме низ темнина“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот