Папата во интервју за Télam: Собирот Г20 во Рим треба да ја согледа асиметријата во светот

Папата во интервју за Télam: Собирот Г20 во Рим треба да ја согледа асиметријата во светот

Интервјуто на папата Фрањо за аргентинската новинска агенција Télam. Меѓу темите кои се обработуваат се предизвиците за излегувањето од пандемијата, следните апостолски патувања и собирот Г20 во Рим. Пофали и две познати личности една од спортот,а другата од политиката.

„Самитот Г20 во Рим мора сериозно да го разгледа односот помеѓу неразвиените и развиените земји“ и да ја препознае асиметријата во светот на пример во пристапот до здравствената грижа, за подобро да се надмине пандемијата. Тоа го изјави папата Фрањо во интервју за „Телам“ аргентинска државна новинска агенција. Една недела пред состанокот помеѓу шефовите на држави и влади на најбогатите земји на планетата, Папата се надева дека состанокот би можел да послужи за „намалување на тензииите на глобално ниво“, пред „ескалацијата на насилството кое предизвикува само уште повеќе насилство.“

„Натпреварот се игра сега“

Ова исто така е време за премин од зборови на дела. „Натпреварот се игра сега“, повтори Папата, повторно нагласувајќи дека од пандемијата може да се излезе само заедно. Мораме, „да им дадеме име и презиме на тешкотиите“ со кои човештвото мора да се соочи во периодот после пандемијата. Тоа е начело кое важи и за предизвиците кои ги поставува состанокот Коп 26 за климата во Глазгов, а кој ќе се одржи од 1 до 12 ноември.

Следните патувања

Папата Фрањо потоа се осврнува на апостолските патувања кои има намера да ги преземе во иднина, започнувајќи со она во декември во Грција и Кипар. „Моментално имам на ум две патувања кои сѐ уште не сум ги започнал, а тоа се во Конго и Унгарија,“ додека „сѐ уште мора да го надоместам заостанатиот долг за патувањето во Папуа Нова Гвинеја и Источен Тимор“, кои беа одложени заради пандемијата. „Од секогаш сум мислел дека светот појасно се гледа од периферијата, а во поседните седум години како Папа го видов тоа со свои очи.“

Благодарност до Лео Меси

Папата на крајот се заблагодари на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси играч на Парис Сен Жермен, за дресот кој го добил по повод посетата на францускиот премиер Жан Кастекс, заблагодарувајќи му се за едноставеноста и посветеноста. „Благодарам на близината, на сведочењето и што успехот не те удри во глава,“ рече Папата и додаде: „Бог да те благослови и секогаш сметај на мене.“

Папата: „Ангелa Меркел е една од големите лидери која ќе влезе во историјата“

Во интервју за аргентинската новинска агенција во петокот на 22 октомври, Папата исто така ја пофали канцеларката во заминување Ангела Меркел (ЦДУ) како важна политичкарка. „Таа е една од големите лидери која ќе влезе во историјата“, рече Светиот Отец. Ќерка на евангелски пастор „беше добар пример за духот на заедништвото“ во своето владеење, „заради способноста да види што е можно и изводливо и во согласност со тоа да оди по својот пат.“

Папата изрази желба долгогодишната германска лидерка на владата да биде пример за многу жени за сопствениот политички ангажман. „Токму Ангела Меркел ја сметам за интересна пресвртница во светската политика и повик до жените кои чувствуваат политички повик“, рече Папата за „Телам“. Ангела Меркел „не е жена со фантазии, туку жена со идеали кои ги овоплоти во конкретна смисла“. Жените имаат посебен инстинкт за моменталните конфликти“, додаде Папата. Жените се „многу поспособни за контрола на конфликтот затоа што се реални и способни да размислуваат и обработуваат.“

Ангела Меркел уште од 2018 година најави дека повеќе нема да се кандитира за канцеларка по актуелниот законодавен период. Тоа значи дека нејзиниот 16 годишен мандат веројатно ќе заврши оваа година со составувањето на новата влада. На почетокот на октомври Меркел последен пат како канцеларка го посети папата Фрањо во Рим. Претседавајќи со Епископската конференција на Германија Георг Батзинг во писмото се заблагодари на шефицата на владата во заминување за нејзината „неуморна служба“ и нејзината „визионерска сила.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот