Во Скопје и Гостивар се одржа божиќна работилница за деца

Во Скопје и Гостивар се одржа божиќна работилница за деца

Во саботата, на 15 декември 2018, се одржа божиќна работилница за деца во скопската парохија. Во реализација заедно со Фоколарите, сестрите Мисионерки на љубовта и младите од скопската парохија најмалите повторно и оваа година го разбудија Божиќниот дух во салата за млади во Скопје. Тие преку разни активности дадоа свој придонес за атмосферата да биде што поубава и позабавна. Најмалите подготвија претстава за свети Никола, а поголемите учествуваа во игри и квиз поврзан со него. Пред самиот крај тие го повикаа свети Никола со песната „Дојди Свети Никола“ и беа толку гласни и добри што на крајот свети Никола дојде. Тие му ја прикажаа претставата која намалите ја подготвија за него, а на крајот од претставата тој им подари на сите пакетчиња и се сликаа со него.

Паралелно со Скопје, и во Гостивар се одржа Божиќна работилница за деца која ја реализираа сестрите Мисионерки на љубовта заедно со своите волонтери. Тие на самиот почеток подготвија заедно со децата божиќна претстава која потоа ја претставија пред нивните родители, пееја божиќни песни а потоа беа поучени за раѓањето на Исус. На крајот на сите деца им беа подарени пакетчиња.

Посетеноста и на двете работилници покажуваат дека Божиќ е време кога треба да се посветиме еден на друг, пред се на своите најблиски и на тие околу нас. Радоста во детските очи предизвика насмевка кај нивните родители кои на крајот го искажаа своето задоволство што имаа можност заедно со сите деца да го почуствуваат Божиќниот дух.

к.мк.

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот