Дојди на 5 минути со Господ

Петралинци, 31.5.2013 /к.мк/ – Во парохијата Свети Кирил и Методиј – Петралинци, во четврток 30 мај со почеток во 20.00 часот, започна молитвената акција насловена како „Дојди на 5 минути со Господ“. Носители на молитвената акција се младите од парохијата, а се состои од Обожавање на Пресветата Причест. Текот на обожавањето, како и молитвите ги подготвија младите од парохијата, а ги предводеше о. Гоце Костов.

На молитвената акција „Дојди на 5 минути со Господ“ ќе се моли секој четврток во 20.00 часот во парохиската црква, а во посебна молитвена накана ќе се моли за духовни звања.

За подобра анимација на верниците за оваа молитвена акција младите од Петралинци изработија сопствен видео клип во кој се повикуваат верниците на молитва.

На патрониот празник Свети Кирил и Методиј беше најавена оваа молитвена акција во склоп на Година на верата и една од парохиските активности за подготовките за Светскиот ден на млади. (го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<