Говорот на папата Фрањо на Ангел Господов

Драги браќа и сестри, добар ден!

Во ова четврта недела од адвент, Евангелието ни говори за настаните кои претходеле на Исусовото раѓање. Евангелистот Матеј ги претставува од гледиштето на свети Јосиф, свршеникот на Дева Марија.

Јосиф и Марија живееле во Назарет; не живееле заедно, затоа што бракот сеуште не бил склопен. Во меѓувреме, Марија, откако го прифатила навестувањето на ангелот, зачнала по Светиот Дух. Кога Јосиф тоа го забележал, останал збунет. Евангелието не објаснува какви сѐ мисли му поминувале низ главата, туку ни го кажува она важното: тој настојува да ја врши Божјата волја и подготвен е на најрадикални одрекувања. Наместо да се брани и да ги бара своите права, Јосиф се одлучува на едно решение кое за него претставува силна голема жртва. И во Евангелието се вели: „А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.“ (Матеј 1,19)

Во таа кратка реченица се сумирани сите внатрешни превирања, имајќи ја пред очи љубовта која Јосиф ја чувствувал кон Марија! Но и во такви околности Јосиф има намера да ја врши Божјата волја, сигурно со голема болка, тајно да ја отпушти Марија. Треба добро да се замислиме на овие зборови за да го сфатиме искушението кое Јосиф морал да го поднесе во деновите кои претходеле на Исусовото раѓање. Тоа е искушение е слично на она на Авраам кога Бог барал да го жртвува синот Исак (Битие 22): откажи се од она надрагоценото, најсаканата личност.

Но како и во случјот на Авраам, Господ интервенира: ја нашол верата која ја барал и овозможува друг излез, пат на љубов и среќа: „Јосифе – му рече – не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.“ (Матеј 1,20)

Овој текст од Евангелието ни ја покажува целата величина на душата на свети Јосиф. Тој имал добар животен план, но Бог за него наменил друг план, едно големо послание. Јосиф бил човек кој секогаш го слушал Божјот глас, бил длабоко чувствителен на неговата таинствена волја, човек кој будно ги слушал пораките кои му доаѓале од длабочината на срцето и од Бог. Не одлучил тврдоглаво да се држи на својот животен план, не дозволил омразата да му ја труе душата, туку бил подготвен на новоста која на збунувачки начин му е претставена. И така, Јосиф се покажал како добар човек. Не мразел и не дозволил омразата да му ја труе душата. Но колку пати омразата, па и антипатијата, злобата ни ја труе душата! А тоа нанесува болка. Не смееме тоа никогаш да го дозволиме: тој ни е пример за тоа. И така Јосиф станал уште послободен и поголем. Прифајќи се себе според Господовиот план, Јосиф се пронаоѓа во полнината самиот себе, надвор од самиот себе. Таа негова слобода да се одрече од она што е негово, поседувањето на сопствениот живот, и таа негова полна расположливост во срцето за Божјата волја, поттикнуваат во нас и патоказ.

Да се расположиме за да го славиме празникот на Христовото раѓање гледајќи ги Марија и Јосиф: Марија благодатна жена имала храброст потполно да се довери на Божјото Слово, Јосиф, човек со вера и праведник повеќе сакал да верува на Господ наместо да слуша гласови и сомнежи и човечка гордост. Со нив заедно да чекориме кон Витлеем.

После Ангел Господов

Читам голем натпис: „Сиромашните не можат да чекат.“ Убаво! И тоа ме потсетува дека Исус е роден во штала, а не е роден во куќа. Подоцна морал да бега, да оди во Египет за да го спаси животот. На крајот се вратил во својата куќа во Назарет. Денес мислам, читајќи го тој натпис, на толку семејства без дом, кои никогаш го немале или пак затоа што го го изгубиле од различни причини. Семејството и домот одат заедно. Многу е тешко да оствариш подобро семејството ако не се поседува сопствен дом. Ги повикувам сите – поединци, општествени институции, властите – во овие божиќни денови да направат сѐ што е во нивна моќ за секое семејство да може да има дом.

Од срце ве поздравувам сите вас, драги поклоници кои сте дојдени од различни земји да учествувате на ова молитвена средба. Во мислите сум со семејствата, парохиските групи, здруженија и верници поединци. Посебно ја поздравувам заедницата на Папскиот институт за надворешни мисии, Хорскиот состав од Сан Џовани Валдарано, децата од парохијата Сан Франческо Нуово во Риети и учесниците на штафетата која тргнал од Александрија и стигна во Рим за да даде сведоштво за заземање за мир во Сомалија.

Сите кои денес се собраа во Италија да ја слават своето заземање во општеството, сакам да пружат конструктивен допринос, отфрлајќи ги искушенијата на конфликот и насилството и да го следат секогаш патот на дијалогот, бранејќи ги правата.

На сите ви посакувам пријатна недела и Божиќ исполнет со надеж, праведност и братство. Добар апетит и довидување.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот