Либија, болката на папата Фрањо поради трагедијата предизвикана од поплавите

Либија, болката на папата Фрањо поради трагедијата предизвикана од поплавите

Папата Фрањо ја изрази својата тага за загубата на илјадници животи по големото уништување предизвикано од разорните поплави во Либија, изразувајќи ја својата близина и молитви до народот на Либија.

Светиот Отец жали поради загубата на голем број животи и уништувањето предизвикано од поплавите во североисточниот дел на Либија.

Папата ги вети своите молитви за душите на починатитее и сите кои жалат за нивната загуба.

Сочувството до народот на Либија во телеграма потпишана од Папскиот државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин е упатена до апостолскиот нунциј во Либија, надбискупот Савио Хон Таи-Фаи.

Разорна бура

Според извештајот на новинската агенција Ројтерс, бурата „Даниел“ уништи четвртина од градот Дерна на североистокот на земјата. Најмалку илјада луѓе ги загубија животите, а либиските власти стравуваат дека бројот на загинатите може да биде значително поголем. Црвениот крст претпоставува дека 10.000 луѓе исчезнале во поплавите.

Духовната близина на папата

Во телеграмата испратена во вторник, 12 септември, Светиот Отец ја изразува својата духовна близина со повредените, оние кои се стравуват за нивните најблиски исчезнати и поддршката за специјалните служби кои обезбедуваат итна помош за спасување.

Папата Фрањо моли за Божји благослов за утеха, сила и истрајност за сите погодени од таа трагедија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот