Папата: Најдобрата молитва е отвореноста кон Божјата волја

Папата: Најдобрата молитва е отвореноста кон Божјата волја

Во пресрет на празникот Успението на Пресвета Богородица, папата Фрањо ги покани верниците во молитвеното училиште на Пресвета Богородица.

„Нема подобар начин за молитва од следењето на примерот на Марија за да се прифатат упатствата за отвореност кон Бога со отворено срце: „Господи, што сакаш кога сакаш и како ти сакаш“.

Во Твитер пораката во сабота 14 август 2021 година, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, папата Фрањо го посочи молитвениот пример на Пресвета Богородица, повикувајќи ги верниците да се обидат да станат како нашата небесна Мајката.

Молитвата на Дева Марија беше тема на Генералната аудиенција во среда 18 ноември 2020 година. Во таа прилика, Светиот Отец истакна дека можеме да бидеме сигурни дека Марија припаѓала на „линијата“ на оние луѓе со смирено срце, кои официјалните хроничари не ги ставаат во своите хроники, но преку кои Бог го подготви доаѓањето на својот Син. Според неговите зборови Марија не управува самостојно со својот живот. Таа е послушна и преку оваа подготвеност „подготвува големи настани“ преку кои Бог ќе влезе во светот на посебен начин. Таа е во молитва кога доаѓа архангелот Гаврил со евангелието. Нејзиното „да, тука сум“, во тој момент го израдува сето создание, во историјата претходеа бројни други објави на послушност и подготвеност пред Бога.

„Колку верници ја доживуваат својата молитва на овој начин! Така се молат најскромните срца. Со основна, да речеме, едноставна понизност: Господи, што сакаш, кога сакаш и како сакаш. Не лутете се затоа што деновите се полни со проблеми, туку соочени со реалноста и знаејќи дека со понизната љубов која се носи во секоја ситуација, стануваме средства за Божјата благодат“, рече Папата, додавајќи: „Молитвата може да ја смири вознемиреноста, може да ја преобрази во подготвеност“. Во моментот на Благовештението, Марија успеа да го отфрли нејзиниот страв, иако предвиде дека нејзиното „да“ ќе ја доведе до тешки искушенија. Значи, ако со молитва сфатиме дека „секој ден даден од Бога е повик“, тогаш ќе можеме „да ги прошириме нашите срца и да прифатиме сѐ“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот