Во петок, 24 април 2026 година, во Бискупската резиденција на Водно се одржа работен состанок за подготовката на нов молитвеник наменет за верниците во Македонија.
Со состанокот претседаваше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, а учествуваа протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов и протојереј отец Гоце Костов.
Средбата започна со молитва во капелата „Свети Кирил и Методиј“ во резиденцијата, по што следеше разговор за редакцијата, структурата и содржините што треба да бидат вклучени во молитвеникот. Посебно внимание беше посветено на потребите на верниците, како и на тоа молитвеникот да биде корисно духовно помагало за лична и заедничка молитва.
На свештеничкиот состанок одржан на 18 март 2026 година во просториите на катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица свештениците беа детално запознати со подготовката на молитвеникот и воедно повикани да го дадат својот придонес и предлози.
к.мк

