Во Скопје одржана Молитвена осмина за единство на хрстијаните

Во Скопје одржана Молитвена осмина за единство на хрстијаните

Во склоп на Светската молитвена осмина за единство на христијаните која се одбележува од 18 – 25 јануари 2019, одржани се две екуменски молитвени средби во Скопје: во недела 20 јануари 2019 година во катедралата Пресвето Срце Исусово и во понеделникот 21 јануари 2019 година, во Евангелско методистичка црква.

Темата на овогодинешната молитвена осмина „Праведен суд барај”  (2 Мојсеева 16,11-20) ги собра христијаните во молитва и размислување за праведноста втемелена на искуството за средбата со живиот Исус, по кое единствено ни се отвора пат да живееме и да шириме милосрдие и солидарност кое е истакнато помеѓу останатото и во говорите. Во заедништво се молеше за сите кои се погодени од неправда, за храброст да не потклекнеме, и Бог да не соедини преку неговата љубов.

Молитвената осмина за единство на христијаните е период исполнет со радост и надеж, одговорност и обврска бидејќи има за цел остварување на Исусовата желба „Да бидеме сите едно”. Двете молитвени вечери беа збогатени со песна и дружење по молитвата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот