Сестрите Усмиленки го праславија празникот на нивниот основач Свети Винко Паулски

Во недела 27 септември 2015 година во Скопје заедницата на сестрите Ќерки на христијанската љубов на свети Винко Паулски (Усмиленки) го прослави празникот на својот основач свети Винко Паулски.

Веќе во сабота навечер, после првата Вечерна, викарот на скопската парохија дон Јошт Мезег по таа накана служеше света Литургија. Во проповедта надоврзувајќи се на ликот на основачот проговори за љубовта кон сиромашните. Во нас е присутен живиот Христос кој можеме да го препознаеме само ако сме искусиле дека Тој од љубов кон нас погледна на нашето сиромаштво.

За време на неделната Миса на патронот сестрите Усмиленки примија честитки од страна на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов и парохот дон Давор Топиќ. На тој ден многу верници го посетија манастирот на сестрите Ќерки на христијанската љубов.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот