Папата Фрањо на 21 септември ќе ја посети Црквата во Албано

Папата Фрањо на 21 септември ќе ја посети Црквата во Албано

На 21 септември 2019 година папата Фрањо ќе го посети градот Албано, бискупија која опфаќа територија на папски паркови и папски резиденции. Епископот Марцело Семераро во разгвор за Ватикан њуз спомна за поврзаноста на тој датум со некои важни настани

Папата Фрањо на 21 септември ќе ја посети Црквата во Албано, град сместен јужно од Рим. По тој повод во разговор за Ватикан њуз, бискупот на Албано, монс. Марцело Семераро во свое име и во име на целата бискупија искажа благодарност до Папата.

Затоа што бискупијата Албано е суфраганска, таа цврсто е поврзана со Црквата во Рим – рече бискупот и додаде дека освен тоа, таа опфаќа територија на папски паркови и папски резиденции. Нашето чувство на благодарност е уште поголемо поради тоа што Папата прифати да дојде токму на 21 септември, на денот кога евхаристиското славење ќе биде на годишнина од посветувањето на катедралата, и тој датум е многу важен затоа што одбележува и важен момент од животот на папата Фрањо. Папата често потсетува на тоа – додаде бискупот – Имено тоа е денот кога тој го даде својот одговор на Господовиот повик.

Откако ќе пристигне во Албано, Папата би требало да отиде во катедралата и да се поздрави со свештениците, но и ќе се задржи во посебна молитва во спомен на годишнината од посветувањето на катедралата – рече бискупот осврнувајќи се на програмата од Папската посета. Светата Литургија ќе се служи на главниот градски плоштад, кој граничи со папските градини, а на него гледаат и две заедници и објасни: Едната е посебна мила на Папата, затоа што станува збор за Исусовската заедница во која се наоѓа ватиканската опсерваторија, а од другата страна е заедницата на Кларисите, клаузурни сестри, кои од своите прозори ќе може да учествуваат на Литургијата, која ќе ја служи Светиот Отец.

Посетата на Папата во Албано се испреплетува со два датума: Првиот се однесува на централниот момент од животот на папата Фрањо, а вториот на 21 септември 2008 година, на денот кога папата Бенедикт XVI. ја предводеше светата Литургија со посветување на олтарот во катедралата во Албано. Од тогаш тој датум е основа за прослава на годишнина од посветување на катедралата, чија што обнова неодамна е завршена – рече бискупот Семераро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот