(ВИДЕО) Папата: Да го запреме ужасот на мачењето, човечкото достоинство треба да биде над сѐ

(ВИДЕО) Папата: Да го запреме ужасот на мачењето, човечкото достоинство треба да биде над сѐ

Видео пораката на папата Фрањо со молитвена накана за јуни 2023 година е посветена на жртвите на од мачење, токму во месецот во кој се одбележува Меѓународниот ден на Обединетите нации за поддршка на жртвите од оваа многу стара пракса, која и денес постои во повеќе земји. Светиот Отец апелираше до меѓународната заедница да гарантира поддршка за жртвите и нивните семејства

Како е можно човековата способност за суровост да е толку голема? – прашува папата Фрањо во видео порака со молитвената накана за јуни, која е целосно фокусирана на осудата на оваа многу стара, но се уште постоечка пракса на мачење. За осуда се различните форми на многу насилни мачења кои сè уште се користат во светот денес, како и на пософистицираните, како што се понижувачкиот третман, лишувањето од сетила или масовните притворања во нехумани услови кои го лишуваат човек од достоинство. Папата постави на целото човештво болно прашање: Зошто таква суровост? Зошто во толкава мера?

Страдањата Христови

Кој го сведува човекот на „предмет“, ја губи својата човечноста. Тоа им се случило и на Исусовите мачители. Да размислиме како Исус бил мачен и распнат на крст – нагласува Папата и поттикна: Да го запреме овој ужас на мачење. Многу е неопходно да се стави достоинството на личноста над сè друго.

Во спротивно, жртвите не се лица, туку се „предмети“ и може безмилосно да се третираат без мерка, предизвикувајќи нивна смрт или доживотни трајни психолошки и физички повреди.

Апел до меѓународната заедница

Затоа папата Фрањо упати апел до целата меѓународна заедница да заземе конкретен став за укинување на мачењето, гарантирајќи поддршка за жртвите и нивните семејства. Овој апел оддекнува и во зборовите од неговиот говор пред делегацијата на Меѓународното здружение за кривично право во 2014 година, кога посочи дека овие злоупотреби можат да се спречат само со одлучно ангажирање, пред сè, за достоинството на човечката личност.

Меѓународен ден за поддршка на жртвите од мачење

Видеото, како и секогаш, беше објавено од Папската светска молитвена мрежа на повеќе од 20 јазици, во околу 114 земји. Темата за молитвената накана не е случајно избрана. Имено, на 26 јуни се одбележува Меѓународниот ден на Обединетите нации за поддршка на жртвите од мачења, бидејќи на тој ден во 1987 година стапи на сила Конвенцијата на ОН против тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, која по нејзиното донесување во 1984 година е ратификувана од 162 земји.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот