Папата Фрањо: Мафијашите се исклучени од заедништвото со Господ

Еднодневната пасторална посета на Калабрија на 21 јуни папата Фрањо ја заврши со силен апел против мафијата, која  го почитува злото и го занемерува општото добро. На свеченото евхаристиско славење на отворено со повеќе стотици илјади поклоници во местото Сибари, Папата истакна дека оние кои се одлучиле за патот на злото, како што тоа го прават мафијашите, не се во заедништво со Бог, туку се исклучени. Неговите зборови беа проследени со громогласен аплауз.

Во првите редови на службата со Папата, како што и најави бискупот Нунцијо Џелатино, овој пат не беа локалните достоинственици, туку болните и инвалидите. Едно од најсиромашните подрачја во Италија, познато и по мафијашката организација н’дрангете, последните месеци е потресено од убиството на тригодишно дете, како и убиството на свештеникот Лазар Лонгобарди. Поради тоа Светиот Отец во проповедта зборуваше за злото кое се раѓа, кога Бог ќе се замени со обожавање на парите. Вашата прекрасна земја ги познава последиците од тој грев, против тоа зло мора да се бори, порача Папата на собраните верници.

Месната Црква ја повика на уште поголемо ангажирање за да победи доброто, верниците ги повика да го истакнат братството и практичната солидарност, а младите ги повика да не ја губат надежта.

Во поздравниот говор бискупот Џелатино ја истакна далбоката вкоренетост на Црквата во Калабрија. Меѓу темната страна на животот во тој регион ја вброи мафијата, која го оневозможува развојот на тоа подрачје, не само економскиот и се храни со пари и валкани работи, туку и со немата совест на луѓето, која итно треба да се разбуди.

 РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот