Телеграма со сочуство за смртта на Големиот мајстор на Малтешкиот ред

Телеграма со сочуство за смртта на Големиот мајстор на Малтешкиот ред

Во телеграмата со Суверениот витешки ред Светиот Отец се осврна на љубовта кон оние во најголема потреба и верноста кон евангелието, кое го покажа за време на животот Џакомо Дала Торе дел Темпио ди Сангуинето

Примајќи ја веста за смртта на неговата еминенција фра Џакомо Дала Торе дел Темпио ди Сангуинето, Голем мајстор на Суверениот витешки ред, сакам да го искажам своето сочуство на целиот ред – стои во телеграмата која папата Фрањо ја упати до вршителот на должноста Голем мајстор, кој таа служба ја презема до изборот на наследникот на покојниот поглавар.

Се сеќавам на беспрекорната верност на Христос и Евангелието, кој што го негуваше ревниот човек со култура и вера, заедно со великодушната посветеност во извршувањето на должноста за доброто на Црквата во духот на служење, како и неговата посветеност на оние кои најмногу страдаат – истакнува Папата.

Светиот Отец исто така во телеграмата изрази солидарност со ожалостените и им ја вети својата молитва за душата на покојниот. На крајот, на неговото семејство и членовите на Малтешкиот ред го подели својот апостолски благослов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот