Генерална аудиенција во среда: Посланието на семејството е да го направи светот подобар

Светиот Отец на Генералната аудиенција во среда 17 декември 2014 година на плоштадот Свети Петар ја одржа последната општа аудеинција во оваа и тоа на својот 78 роденден, говорејќи од новиот циклус катехези кои се однесуваат на семејството.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Неодамна одржаната Епископска синода за семејството беше првата етапа од едно одење кое ќе заврши во октомври идната година со редовната Епископска синода на тема „Повикот и посланието на семејствата во Црквата и светот“. Целиот Божји народ е повикан да го следи тоа одење со молитва и размислување. Исто така сакам заедничките размислувања на аудиенциите во среда да бидат дел од тоа заедничко одење. Затоа во ова прилика одлучив да размислувам заедно со вас за семејството, тој голем дар кој Господ го даде на светот од памтивек, кога и го довери на Адам и Ева посланието де се множат и да ја наполнат земјата (1Мој 1,28). Оној дар кој Исус го потврди во Своето Евангелие.

Близината на Божиќ фрла голема светлина на тоа таинство. Овоплотувањето на Синот Божји означува нов почеток во историјата на целиот свет. А тој нов почеток се случи во крилото на семејство, во Назарет. Исус е роден во семејство. Можел да дојде на спектакуларен начин, или како воин, цар… Но, не: Он доаѓа како син на едно семејство, во семејство. Тоа е важно: да гледаш во јаслите таква убава глетка. Бог избра да се роди во човечко семејство кое Самиот Тој го создал. Го создал во зафрлено село на маргините на Римското царство. Не во Рим или било кој главен град на царството, не во некој од големите градови, туку на периферијата која речиси била невидлива и прилично на лош глас. Таа озогласеност била мајка на поговорката како што се потсетува и во Евангелието: „Можели нешто добро да излезе од Назарет“ (Ив 1,46). Можеби за многу делови во светот и ние сами сеуште така зборуваме кога ќе слушнеме име на некое место на периферијата на голем град. Па сепак од таму од периферијата на големото царство започнала најсветлата и најубавата историја, историјата на Исус меѓу луѓето! И таму живеело тоа семејство.

Исус останал на таа периферија триесет години. Евангелистот Лука вака го сумира тој период: Исус „им беше (т.е. на Марија и Јосиф) послушен.“ Некој би можел да каже: „Зарем Бог Кој дојде да нè спаси изгубил триесет години во таа озогласена периферија?“ Изгубил триесет години! Он Самиот така сакал. Исусовиот пат бил во тоа семејство. „А мајка Му ги пазеше сите зборови во срцето свое. Исус пак, напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и кај луѓето“. (2,51-52). Не се работи за чуда или за лекувања, проповедање – во тој период ништо не правел од тоа – за мноштвото кое оди по Него; во Назарет изгледа сè течело со „нормален“ тек во согласност со обичаите на побожно и грижливо еврејско семејство: се работело, мама готвела, ги извршувала сите домашни работи, пеглала кошули… работела сè што и осанатите мајки. Таткото, столар работел, го учел занаетот на синот. Триесет години: „Но какво расипување на времето, оче!“ Но, Божјите патишта се таинствени. Но, она што било важно овде е семјството! А тоа не било расипување! Биле големи светци: Марија најсветлата жена, безгрешна и Јосиф најголемиот праведник… Семејство.

Сигурно би не разнежнил извештајот за тоа како Исус во младоста учествувал во настаните во верската заедница и како ги извршувал должностите во општествениот живот; да дознаеме како млад работник работел со Јосиф; а потоа Неговиот начин на учествување во слушање на Светото Писмо, молитвата на Псалмите и многу други обичаи од секојдневниот живот. Евангелијата во својата концизност не откриваат ништо за Исусовата младост и ја препуштаат таа задача на нашата имагинација. Уметноста, литературата, музиката во тој поглед и даваат крила на имагинацијата. Секако не е тешко да се замисли колку мајките можат да научат од Марија: грижата за Синот! И колку и татковци можат да научат од примерот на Јосиф, праведен човек кој го посветил својот живот во поддршка и заштита на детето и сопругата – своето семејство – во тешките моменти! А да не спомнуваме колку млади би можеле да бидат охрабрени од момчето Исус да ја разберат потребата и убавината на негувањето на својот најдлабок повик и да сонуваат големи соништа! А Исус го негувал во тие триесет години својот повик заради кој Отецот го испратил. Исус во тој период никогаш не се обесхрабрувал туку храбро одел напред и го продолжил Своето послание.

Секое христијанско семејство – како Марија и Јосиф – може пред сè да го прими Исус, да го слуша, да разговара со Него, да го чува,  заштитува, да расте со Него; и така да го направи светот подобар. Да му дадеме простор во нашите срца и во нашите денови на Господ! Така правеле и Марија и Јосиф, а тоа не било лесно: колку само тешкотии морале да пребродат! Тоа не било некое лажно семејство, тоа не било некое нереално семејство. Семејството од Назарет нè обврзува повторно да го откриеме повикот и посланието на семејствата, на секое семејство. И како што се случувало во тие триесет години во Назарет, може да се случи исто така за нас: мораме да се трудиме љубовта, а не омразата да стане нешто нормално, заедничката взаемна помош, а не рамнодушноста или непријателството да станат нешто вообичаено. Не е случајно изразот „Назарет“ да значи „оној кој чува“ како Марија која – како што вели Евангелието – „во себе ги пазеше сите тие зборови“ (Лк 2,19,51). Од тогаш секогаш кога некое семејство го чува тоа таинство, па и да е на маргините од светот на дело е таинството на Синот Божји, таинството на Исус кој доаѓа да нè спаси. И доаѓа да го спаси светот. А тоа е голема мисија за семејствата: да направат место за Исус кој доаѓа, да го прифатиш Исус во семејството, во личноста на децата, маж, жена, баба и дедо… Исус е таму. Да го прифатиме таму, да расте духовно во тоа семејство. Нека Господ ни ја подели таа милост во овие последни предбожиќни денови. Благодарам.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот