Светиот Отец ја укина “Папската тајна“ за случаи на сексуална злоупотреба

Светиот Отец ја укина “Папската тајна“ за случаи на сексуална злоупотреба

Со тој чин папата Фрањо на истражните цивилни власти им ги стави на располагање сведочењата собрани во канонските судски процеси

Папата Фрањо ја укина „Папската тајна“ во случаи на злоупотреба и сексуална насилство кое што го извршиле членовите на клерот над малолетниците. Исто така одлучи да ја смени нормата која се однесува на злочинот детска порнографија, т.е. поседување и дистрибуција на порнографски материјали во која се вклучени лица помлади од 18 години, класифицирајќи ја помеѓу таканаречената „delicta graviora“, односно најтешки престапи.

Првиот и најважен документ е рескрипт кој го потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, во кој стои дека Светиот Отец на 4 декември одлучи да ја укине папската тајна во случајот на обвинувања, судења и одлуки поврзани со злосторствата наведени во првиот напис на неодамна објавениот мотопроприо „Vos estis lux mundi“. Станува збор за случај на насилство и сексуален чин кој е извршен под закана или врз основа на злоупотребата на моќта; потоа за случаите на злоупотреба на децата и ранливите личности; детската порнографија; како и непријавување и прикривање на насилниците од страна на бискуп или врховен поглавар на монашките заедници.

Новото упатство одредува да се постапува кон информациите на начин кој ја гарантира нивната сигурност, целокупност и доверливост утврдени во Кодексот на канонскиот закон, за да се заштити угледот, имиџот и приватноста на вклучените лица. Оваа „професионална тајна“ не го спречува исполувањето на обврските кои се утврдени со државните закони, вклучувајќи ја евентуалната обврска на пријавување, како и спроведување на извршните барања на граѓанските судски власти. Понатаму, поднесувачите на пријавите, жртвите и сведоците не може да се обврзат на било кој начин да молчат за фактите.

Вториот рескрипт кој го потпишаа кардинал Паролин и префектот на Конгрегацијата з анаука на верата кардинал Луис Ладарија Ферер, се објавени измени на три написа на мотопроприо „Sacramentorum sanctitatis tutela“ од 2001 година, кој е веќе изменет и дополнет во 2010 година. Со овие измени се одредува дека набавката, поседувањето или дистрибуирањето, со блудна цел, порнографски содржини кои ги вклучуваат личностите помлади од 18 години, на било кој начин и служејќи се со било кое орудие, кој го сторил пропадник на клерскиот сталеж, е еден од најтешките злодела што се соджани во пресудата од Конгрегацијата за наука на верата. Притоа возрасната граница е поместена од досегашните 14 на 18 години. Исто така е дозволено во случаите кои се однесуваат на најтешките злочин, улогата на адвокат и обвинител може да ја имаат и верниците лаици кои стекнале докторат по канонско право, а не само свештениците.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот