Папата Фрањо се заблагодари на Богородица за завршеното патување на Малта

Папата Фрањо се заблагодари на Богородица за завршеното патување на Малта

Папата Фрањо во молитва се заблагодари пред иконата на Пресвета Богородица на која ѝ го довери своето 36. Апостолско патување во странство.

На 4 април утротот, како и обично на крајот од секое апостолско патување, папата Фрањо отиде во базиликата Света Марија Велика, и задржа на молитва пред иконата на Пресвета Богородица – Salus Populi romani – извести Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Папата сакаше да ѝ се заблагодари на Богородица, на која, пред да замине на патувањето на 1 април, и го довери своето 36. Апостолско патување надвор од Италија. Откако се помоли во базиликата, Светиот Отец се врати во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот