Папата Фрањо: Екуменизмот е претпријатие во загуба

 Папата Фрањо: Екуменизмот е претпријатие во загуба

Заедно да оди, моли и работи; тоа е нашиот главен пат

Екумензимот е големо претпријатие во загуба – рече папата Фрањо во четврток 21 јуни 2018 година во Екуменскиот центар во Женева, каде ја предводеше екуменската молитва и го одржа својот прв говор на 23. Апостолско патување по повод 70. годишнината на Екуменскиот совет на цркви. Станува збор за евангелска загуба, пат кој го покажа Исус – додаде Светиот Отец.

Пред 230 членови на Светскиот совет на цркви, Папата истакна дека Господ бара единство; светот е разделен со премногу поделби од кои посебно се погодени најслабите, чезнее за единство. Би можеле да се приговори дека заедничкото одење, без било каква грижа за сопствените потреби е еден вид работа со загуба, но Христовите ученици мора да одат по Светиот Дух, чистејќи го срцето од злото, избирајќи го со света упорност евангелскиот пат и отфрлајќи ја логиката на овој свет.

Човекот е создание на пат, постојано во излегување; од излегувањето од мајчинските прегратки до преминот од еден во друг животен период; од моментот кога го остава родителскиот дом до напуштањето на овозмескиот живот – рече Светиот Отец и истакна: Но одењето е вештина, напор, потребна е секојдневна трпеливост и непрестајна вежба; потребно е да се избегнуваат многу патишта за да го избереме оној кој води до целта и обнова на сеќавањето за да не го изгубиме.

Одењето бара понизност за враќање на својот пат и грижа за сопатниците, бидејќи само заедно добро се оди – рече Папата и продолжи: Одењето бара постојано сопствено преобраќање. Поради тоа многумина го одбиваат бирајќи го повеќе мирот во сопствениот дом, каде може да се занимаваат со сопствените работи без изложување на ризиците од патот.

Ако секој човек е битие на пат, тоа уште повеќе важи за христијаните кои се повикани да го следат патот кој е означен со крштението, наместо да ги задоволуваат желбите на телото – рече Папата и објасни: Тоа конкретно значи да не се обидува да се оствари по пат на поседување и логиката на себичност која незаобиколно го води човекот кон губење на сопатникот од вид, додека на патиштата од светот владее голема рамнодушност.

Човекот кој оди по сопствените пориви, станува роб на потрошувачка без ограничување, го замолчува Божјиот глас, а другите, посебно оние кои се неспособни да одат со сопствените нозе, како што се децата и старите, стануваат отпад кој им пречи – предупреди Папата и напомена: Човекот тогаш нема веќе друга смисла освен само да работи за задоволување на сопствените потреби.

Од Членовите на Екуменскиот совет на цркви папата Фрањо побара во животот да се препуштат на Божјите чекори, не со бучни и незаситени чекори, туку чекори со евангелска љубов. Поделбите меѓу христијаните често се случувале, бидејќи во коренот и во животот на заедницата влегла световната логика, па така денес премногу лесно екуменското одење запира пред разидувањата кои се појавуваат. Оддалеченоста не смее да биде оправдание, веќе сега е можно да се оди по Духот; заедно да се моли, евангелизира и да се служи, тоа е можно и тоа му е мило на Бог! Заедно да се оди, моли, работи; тоа е нашиот главен пат – нагласи Папата.

Исус кој од љубов стана ходочасник меѓу луѓето, и денес нѐ потсетува дека се разрушени ѕидовте кои нѐ делат, дека е победено секое непријателство, и да се оди заедно за нас христијаните не е стратегија како би покажале колку вреди нашето ангажирање, туку е чин на послушност кон Господ и љубовта кон светот – рече папата Фрањо и заврши: Тешко е да се ублажат недоследностите и да се негува заедништвото, тешко е да се напушти спротивставеноста и меѓусебното одбивање кои се поттикнувале со векови, но учениците на Синот Божји се повикани упорно да го следат патот за единство, бидејќи поделбата води само во војни и разрушување.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот