Бискупот Стојанов го прими градоначалникот на Загреб Бандиќ

Бискупот Стојанов го прими градоначалникот на Загреб Бандиќ

На 7 декември 2016 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Кро Стојанов го прими градоначалникот на град Загреб Милан Бандиќ, кој се наоѓа во дводневна посета на Скопје.

Градоначалникот Бандиќ беше придружуван од неговите блиски соработници, како и од монс. Златко Корен и амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Даниела Баришиќ. Во пријатниот разговор бискупот Стојанов го запозна градоначалникот Бандиќ и неговите соработници со историјата и животоо на Црквата во Македонија, како и поврзаноста со Хрватска и хрватскиот народ.

Во знак на благодарност за посетата бискупот Стојанов на градоначалникот Бандиќ му подари медалјон со ликот на Мајка Тереза, а бискупот пак доби подарок медалјон со ликот на блажен Алојзие Степинац.

За време на својот престој во Скопје градоначалникот на град Загреб на свечената академија во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, прими од Македонската православна црква орден „Свети Климент Охридски“ од прв степен за добрата соработка со верниците од македонската православна црква во Загреб.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот