Папата: Молитвата бара храбрости трпеливост

Папата: Молитвата бара храбрости трпеливост

Храброста и трпението се двете карактеристики на молитвата која треба слободно да се воздигнува кон Бог– истакна папата Фрањо на светата Литургија служена во домот Света Марта, на 15 март 2018 година.

Појдовна точна на неговото размислување беше денешното прво читање од Втората Книга Мојсеева која ни го пренесува разговорот помеѓу Мојсеј и Господ за отпадништвото на неговиот народ.

Пророкот настојува да го одврати Господ од неговите гневни намери против неговиот народ кој ја напушта славата на живиот Бог за да се клања на златно теле. Во смелиот разговор Мојсеј го потсетува Бог на сето она што го направил за својот народ, за да го изведе од египетскот ропство, како и на верноста на Авраам, на Исак. Според зборовите на Папата на таа средба „лице во лице“ очигледна е посветеноста на Мојсеј и љубовта кон Божјиот народ. Мојсеј не се плаши да ја каже вистината, „не влегува во игрите на поткупот“, не попушта пред можноста да ја продаде својата совест. Тоа му се допаѓа на Бог – рече Папата – кога Бог го гледа човекот кој непрекинато моли за нешто, се трогнува.

Никаков поткуп. Јас сум со народот и јас сум со Тебе. Тoа е молитвата за застапување: молитва која аргументира и која има храброст да зборува директно во лицето на Господ Кој е трпелив. Во молитвата за застапување потребно е трпение: ние не можеме да му ветиме на некому дека ќе се молиме за него, а потоа ќе измолиме еден Оче наш и Радувај се Маријо и готово. Не! Ако кажеш дека ќе се молиш за другиот, мораш да одиш по тој пат. Потребна е трпеливост – истакна Светиот Отец.

За жал – предупреди Папата – во секојдневниот живот постојат многу случаи на менаџери кои се подготвени да ја жртвуваат организацијата за да ги спасат своите интереси и да стекнат сопствена корист. Но, Мојсеј не влегува во логиката на поткупот; тој е со народот и се бори за народот. Папата Фрањо рече дека Светото Писмо е полно со примери на постојанство, способност за трпеливост: како Хананејката или слепиот Вартоломеј од Ерихон.

За молитвата за застапување се потребни две работи: храброст (да зборуваме искрено) и трпеливост – рече Светиот Отец и продолжи: Ако сакам Господ да ја слушне мојата молба, треба да отидам и повторно да тропнам на вратата на Божјото срце, и да чукам затоа што моето срце се залага за таа накана! Но, ако моето срце не се грижи за таа накана или за тој човек за кој се молам, тогаш нема да биде способно за храброст и трпеливост – истакна Папата.

Папата Фрањо упати на патот на молитвата за застапување, а тоа значи да се грижиме за другите, да бидеме подготвени да се бориме за нив, да се залагаме да постиме за нив. Нека Господ ни ја даде таа благодат – продолжи Папата. Благодат да молиме пред Господ слободно како синови и ќерки; непрестано да молиме, трпеливо да молиме. Но пред сè да молиме свесни дека разговараме со својот Отец и дека Тој нè слуша. Нека Господ ни помогне да напредуваме во молитвата за застапување – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот