Во септември Папата ќе ги посети Литванија, Летонија и Естонија

Во септември Папата ќе ги посети Литванија, Летонија и Естонија

„Прифаќајки ја поканата на државните власти и епископите, Неговата Светост Папата Фрањо ќе замине на Апостолско патување во балтичките држави од 22 до 25 септември 2018 година”, рече директорот на ватиканскиот прес центар, Грег Бурк. Папата ќе ги посети Вилнус и Каунас во Литванија, Рига и Аглона во Летонија и Талин во Естонија. Ватиканскиот портпарол посочи дека „ деталната програмата за патувањето ќе биде дополнително објавена”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот