Папата Фрањо и Римската курија ги започнаа духовните вежби

Папата Фрањо и Римската курија ги започнаа духовните вежби

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение во кое се наведува дека духовните вежби на папата Фрањо и Римската курија во Великиот пост ќе траат од 18 до 23 февруари 2024 година.

Светиот Отец ги повика кардиналите кои престојуваат во Рим, префектите на ватиканските дикастерии и раководителите на Римската курија лично да се вклучат во духовните вежби, да престанат со работните активности и во првата недела од Великиот пост да се посветат на молитва: од недела попладне, 18 февруари, со почеток во 18 часот до петок попладне, 23 февруари 2024 година.

Во текот на наредната седмица, сите обврски на Светиот Отец ќе бидат суспендирани, вклучително и Генералната аудиенција во среда, 21 февруари.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот