Божиќен концерт во Католичката црква во Битола

Божиќен концерт во Католичката црква во Битола

Католичката парохија „Пресвето Срце Исусово“ – Битола и Здружението на Хрвати во Република Македонија – огранок Битола на 26 декември 2022 година во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола со почеток во 18.00 часот, организира Божиќен концерт.

На концертот ќе настапи Младинскиот женски хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола под диригентска палка на Љубо Трифуновски. Влезот е слободен.

Претходно во 17.00 часот бискупот Стојанов ќе служи света Литургија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот