Именуван е нов претседател на педијатриската болница Bambino Gesù

Именуван е нов претседател на педијатриската болница Bambino Gesù

Канцеларијата за печат при Светиот Престол го објави именувањето на професорот Тицијано Онести за претседател на Ватиканската педијатриска болница во Рим

Државниот секретар на папата, кардиналот Пиетро Паролин, го именува професорот Тицијано Онести за нов претседател на Управниот одбор на педијатриската болница Bambino Gesù со мандат од 3 години.

Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол објавено во понеделник 27 март 2023 година именувањето ќе стапи на сила на 1 април.

Професорот Онести ја наследува Мариела Енок, која во февруари поднесе оставка од функцијата што ја презеде во 2015 година. Истовремено е именуван и за привремен консултант за развојните проекти на болницата.

Промената се случува бидејќи болницата Bambino Gesù, која им помага на децата и младите од цела Италија и светот, претрпува голема експанзија и организациска промена, вклучително и дигитализација, со цел да се подобрат професионалните и управувачките вештини.

Bambino Gesù, позната како Папска болница, основана во 1869 година од војвотката Арабела Салвијати, е донирана на папата Пиј XI. во 1924 година со цел да се обезбеди постабилна иднина на болницата. Се наоѓа во Рим, во екстериторијална област под управа на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести
Ознаки Bambino Gesu

За авторот