Вдахновени од блаженствата, треба да создадеме движење против „глобализацијата на рамнодушноста“

Вдахновени од блаженствата, треба да создадеме движење против „глобализацијата на рамнодушноста“

Во пораката по повод средбата со Папската академија за општествени науки, папата Фрањо го нагласи духот на сиромаштвото како начин да се обезбеди среќа на поединци и народи. Неограничената потрага по профит и богатство, пишува тој, создава сиромаштво, нееднаквост и конфликти.

Средбата на Папската академија за општествени науки на 3 и 4 октомври се фокусира на првото од осумте блаженства што ги објави Исус: „Блажени се сиромашните по дух, зашто нивно е царството небесно.“ Затоа, темата на средбата гласи: Крај на сиромаштијата. Науката и етиката на среќата.

Сите се стремат кон среќа, но не секој има ист концепт за среќа, забележува Светиот Отец во пораката. Денес, ние сме соочени со преовладувачка парадигма која е распространета само со еден начин на размислување. Ја заменува користа со среќа, забавата со добар живот и се смета за единствен валиден критериум за проникливост.

Оваа потрага по себично задоволство води до страв дека не поседуваме доволно, алчност, лакомост кај поединци и земји, богати и сиромашни, како и до материјализмот што нѐ задушува и до општа состојба на конфликт. Со ова се нарушува достоинството на луѓето и самата планета, а сиромаштијата и нееднаквоста растат, предупредува Папата.

Во продолжение пишува: Во овие времиња на изобилство, во кое би требало да биде можно да се стави крај на сиромаштијата, оваа моќ „размислување на еден начин “ не ги спомнува сиромашните, постарите лица, доселениците, неродените, тешко болните. За мнозинството тие се невидливи, се третираат како да се за еднократна употреба. Тоа е злосторство против човештвото, како резултат на оваа алчна и себична владејачка парадигма, нашите млади луѓе стануваат жртви на растечката трговија со луѓе, особено кога станува збор за принудна работа, проституција и трговија со органи.

За да излеземе од оваа ситуација, не е потребно да имаме повеќе добра, туку да спроведеме нова и револуционерна парадигма на Исусовите блаженства, почнувајќи од првата, рече Папата. Духот на сиромаштво е пресвртница што го отвора патот кон среќата со целосна промена на парадигмата. Тоа е, нагласува Папата, сигурен начин да се достигне полнотата на која сите сме повикани.

Светиот Отец ја посочи разликата помеѓу сиромаштвото на духот за кој зборува Исус и материјалното сиромаштво, односно лишувањето од она што е потребно за живот. Овој вид лишување од неопходното е еден вид пекол, бидејќи ја ослабува човековата слобода и за да преживее ги става оние што страдаат поради тоа во состојба да станат жртви на нови форми на ропство (принудна работа, проституција, трговија со органи, итн.). Тоа се криминални услови кои со правдата мора да се осудат и против тоа треба да се бори. Секој, според својата одговорност, а особено владите, мултинационалните и националните компании, граѓанското општество и верските заедници, мора да го сторат тоа. Ова се најлошите деградации на човечкото достоинство, а за христијанинот се отворени рани на Христовотот тело, кој од крстот повикува: жеден сум.

Светиот Отец потоа укажа на зголемениот јаз меѓу богатите и сиромашните, што предизвикува немири, конфликти и закана за демократијата.

Тоа е последица од постепеното уништување на братството, пријателството, хармонијата, довербата и почитта, кои се темели на граѓански соживот. Алчноста што управува со системот одамна ги остави на страна главните економски, социјални и политички последици на „духот на сиромаштвото“, кој бара социјална правда и одговорност во управувањето со стоките и плодовите на човечкиот труд, пишува Папата. Сопствениците на добрата, додава Папата, мора да се водат од духот на сиромаштвото, оставајќи го најдобриот дел за гостите, болните, сиромашните, старите, беспомошните, исклучените, кои се лицето на често заборавениот Исус.

Сепак, со распространетата глобализација на рамнодушноста, за време на пандемијата можевме да бидеме сведоци како, со својата карактеристична дискреција, глобализацијата на солидарноста успеа да се наметне. Важно е таа да стане дел во животот на младите луѓе, рече Папата.

Духот на сиромаштвото е единствениот начин да се гарантира благосостојбата на поединецот, економијата, и на локалното и на глобалното општество. Повикани сме да создадеме светско движење против рамнодушноста, кое ќе создава и ќе ги обновува општествени институции, вдахновени од блаженствата и поттикнати во потрагата по цивилизација на љубовта, пишува Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот