Монсињор Ваховски учествува на Преспа форум за дијалог

Монсињор Ваховски учествува на Преспа форум за дијалог

Во четврток 15 јуни 2023 година во хотел „Дрим“ во Струга започна третото издание на Преспа форумот за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?” Форумот е во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.

На форум учествува потсекретарот на Државниот секретаријат на Ватикан за односи со Државите монс. Мирослав Ваховски, придружуван од монсињор Џорџо Кеца, советник во Апостолската нунцијатура за Македонија

Монсињор Ваховски имаше свое излагање на панел дискусијата на тема: „Помирувањето и демократијата како катализатор на промените на Балканот“

На дводневниот форум, кој завршува во петок 16 јуни,  учествуваат видни домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот