Малите пастири од Фатима ќе бидат канонизирани на 13 мај

Малите пастири од Фатима ќе бидат канонизирани на 13 мај

Малите пастири од Фатима, Фрањо и Јацинта Марто ќе бидат прогласени за светци на 13 мај 2017 година. Тоа го најави папата Фрањо на редовниот јавен конзисториум за неколку канонизации за светци, одржан на 20 април 2017 година во Апостолската палата во Ватикан.

Нивната канонизација ќе биде одржана во текот на Апостолската посета на Папата во Фатима, по повод 100 годишнина од објавувањето на Пресвета Богородица. Останатите 35 блажени ќе бидат канонизирани на 15 октомври 2017 година.

Папата Фрањо го објави датумот за нестрпливото исчекување на канонизацијата на братот и сестрата од Фатима, кои во 2000 година се прогласени за блажени. Пресвета Богородица на Фрањо и Јацинта Марто им се објави во 1917 година и тоа прв пат токму на 13 мај. Со нив била и нивната братучетка Луција Дос Сантос, која почина во 2005 година на 99 години од животот. Фрањо и Јацинта пак починаа уште како деца, за време на епидемијата на шпанскиот грип. Тогаш имале 11 и 10 години. Биле деца, пастири, речиси неписмени, но нивниот живот бил богат со вера, љубов и молитва – објасни кардинал Анџело Амато, префект на Конгрегацијата за прогласување на светци, кој ги претставуваше ликовите на идните светци.

Во Бразил пак во 1645 година живееле 30 маченици, убиени во текот на холандиската окупација на северо-источниот дел на таа земја. Андриј де Соверал и Амвросиј Фрањо Феро, дијецезански свештеници, и лаикот Матиј Мореира и 27 придружници се убиени заради тоа што не сакале да се откажат од католичката вера и да го прифатат калвинизмот.

Во Мексико во првата половина на XVI век, живееле адолесценти маченици Кристофор, Антонио и Хуан кои биле воспитани од фрањевци, и го напуштиле локалниот култен идол. Токму противењето на локалното идолопоклонство била причината за нивната смрт. Кристофор е убиен од сопствениот татко.

Со посебна трогнатост спомнуваме дека меѓу блажениците истотака се деца и адолесценти, тие пет – истакна кардинал Амато преставувајќи ги идните светци. Во историјата на нашите денови, во кои младите не ретко се предмет на искористување и трговија, тие млади се истакнуваат како сведоци на вистината и слободата, како гласници на мирот, на новото човештво помирено во љубовта – рече кардиналот.

Временски ни се блиску Фаустино Мигуез, свештеник од Шпанија кој живеел на преминот од XIX во XX век, и Анџело од Акрија и свети Лука Антонио Фалконе, фрањевски капуцин. Живеел меѓу XVII и XVIII во царството на Неапол. Неуморно го ширел Словото Божјо и ги заштитувал слабите од злоупотребата на моќниците. Станува збор за многу различни животи, обединети во заедничкото навестување на нежното и милосрдното Божјо лице – истакна префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот