VIII постојка: Исус ги теши ерусалимските жени

Лука 23,27-31

Болката ни сега не го менува Исуса. Ја чуствува болката во другиот. Во најголемото трпение го слуша плачот на ерусалимските жени и ги утешува. Жал му е за нивните болки, но ги упатува до оние за кои тие навистина треба да плачат.Т оа ни говори и на нас сите. Гревот е тој што го притиска Христовиот грб, гревот на секој од нас. Вреди ли Исусе да плачам над Тебе додека гревот не го тргнам од мојата душа? Со што да те утешам Исусе мој, ако не со промената на моето срце? Мајката на свети Августин со горки солзи го оплакуваше лутањето од едно до друго место, кој се бараше на криви места и ја упропастуваше својата душа. Никогаш не престануваше да плаче и со години да го моли Бог нејзиниот син да го најде вистинскиот пат. Еднаш добила утеха од еден епископ: „Не плачи жено, не може да пропадне твојот син со толку солзи.“ И навистина не пропадна, солзите на неговата мајка беа за негово обраќање, од нејзините солзи стана свет тој и неговата стрплива мајка. Да плачеме за себе и за нашите деца, да плачеме за гревовите на нашите пријатели кои ги сакаме, за гревовите на нашите непријатели… Не може мојата душа да е мирна кога нашиот ближен е во потреба. Ни мојот пат не е завршен Исусе, многу болки ти нанесов.

Осма постојка: Исус ни вели: Жените ме слушаа, ме засакаа и ми поверуваа. Ги благословував нивните деца. Ме гледаа со срце и не можеа да сфатат дека сум осуден. Плачеа за тоа, беа жални и јас ги утешував.

Ниедна болка не е трагична. Трагедијата е во слепоста и твдоста на срцето. Кога не гледам дека секоја смрт има воскресение, секоја болест оздравување, секое заминување враќање, и да дозволиш да паднам во самосожалување, тоа е трагедија. Победата е таму каде почнуваш да ги утешуваш другите. Тогаш сета твоја утеха доаѓа од Бога. Имај храброст да не се потпираш на човечката утеха туку барај сила во Бог. Тоа го победува светот. Тоа е пат на крстот, но и пат на животот. Не дозволувај пад во саможалувањето. Кога ќе бидеш изранен и во болка другите да ги утешуваш тогаш ќе ме најдеш. Отвори ја и таа врата бидејќи од другата страна те чекам Јас.

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<